Урбанистички план – станбена населба ,,Ново Маало’’ во Скопје

Извор: Завод за урбанизам и архитектура Народен одбор – Скопје

Проектант: инж. Арх. Благој Колев

Година: 1962 ?

Со оглед на карактерот на градот, како и специфичната наследеност и многуте слаби комунални и градежни фондови, урбанистичката проблематика и станбената изградба имаат посебно значење за градот Скопје

Последователно на горенаведеното, задолжителна е скоро целосна реконструкција на повеќето градски станбени подрачја, заедно со сите проследени тешкотии, а и со сите елементи изразени во можностите на слободното урбанистичко планирање и проектирање. Со единствена цел за подобри станбени услови и подобар живот кои ги нудат на новите жители.

Токму територија на ,,Ново Маало’’ се вбројува во тие подрачја, која по генералниот регулационен план на градот има важно функционално и обликовно значење. Потенцирано со една од двете најважни сообраќаници на градот (сообраќајницата КочоРацин), како и карактерот и интензитетот на појасот покрај Вардар каде се предвидени и делумно лоцирани и изведени објекти од градски и регионален карактер, во корелација со административно-научно-друштвената функција на Правниот и Филозофскиот факултет, на научните институти, Архивот, Домот за синдикатот и други.

Blagoj Kolev Novo Maalo 2
Имајќи го во предвид важниот карактер и функција на ,,Ново Маало’’, се пристапува со голема сериозност кон решавање на задачата. Извршена е пред се детална и совесна анализа на сите постоечки градежни и комунални фондови на ова подрачје, со што ќе наведат само неколку податоци од анализата на постоечките станови:

-површина под улици 6,28 ha или 27,4 %
-површина под објекти 9,54 ha или 41,6 %
-слободна површина 7,12 ha или 31,0 %
-вкупна површина на територија 22,94 ha или 100 %-вкупната должина на водоводната мрежа изнесува 4340 m од кои на профили до 100 mm одпад 70%, а остаток на профили до 200 mm
-вкупната должина на каналицационата мрежа изнесува 1500 m
-вкупната должина на електричната мрежа мерена по улиците е 1950 m на секои три трансформаторски станици, со јачина до 1050 kVA.
-од вкупниот број на згради 79 % се од слаби, 7 % од мешовити и останатите 14 % од тврди градежни материјали.
-од вкупниот број на згради 38,4 % се со високо приземје, 30,6 % се приземни згради, 29,5 % се објекти од приземје и еден кат, a 1,5 % останати.

Со анализата, освен набројаните податоци за состојбата на комуналнитe фондови е опфатена и денешната состојба на останатите пратечки објекти, школи, здраствени институции, трговски маркети, занаетчиски работилници, сервиси, друштвени простории, администрација, јавно зеленило и др. Вака детално извршената анализа на постоечката состојба наметнува општ заклучот: дека територијата пренаселена со мали слободни површини, голема и неурамнотежена мрежа на улици, мал процент на останати комунални уреди, голем број на ниски објекти од слаб градежнички материјал со тешки технички и хигиенски услови; дека територијата исполнета со разновидни нови изградени претежно со нестанбен карактер во крајбрежен појас, која не е потполно урбанистички насочена поради непостоење на урбанистички план; дека е најпосле со оглед на ваквата непланска и хаотична структура (и старо и ново), треба по пат на реконструкција да се прилагоди на принципите на современите урбанистички и комунални техники, со средување на биолошките услови со современо третирање на сите функции и модерни архитектонски обликувања.

Врз база на овие основни подесувања, кои се резултат на извршените анализи, во соработка со сите заинтересирани институции на општината и области како и на намерите на GRP, донесен е детален проектантски програм кој е усвоен од урбанистичкиот совет на скопските области. Ќе изнесеме краток извадок на основните елементи на проектната програма:

-станбената површина изнесува 13,3 ha со бруто густина од 383 st/ha.Вкупниот број на станбеници е 5090 или 1243 семејства, сметајќи 4,3 станбеници по едно семејство (според пописот на станбеноста од 1961 година) Односно 1243 станови.

Домот за школски деца од 7 до 15 години, ќе го користат 230 деца во 2 смени по 115. Површината за простории и игралишта по едно дете изнесува 12,5 m2 . Вкупната површина е 2437 m2 , а оддалеченоста од училиштето не е поголема од 600 m.

Комбинираните детски установи ќе ги користат деца од 14 месеци до 3 години и деца од 3 до 7 години. Бројот на деца од првата возраст изнесува 83 со 10,5 m2 површина за простории и игралишта за едно дете. Потребни се вкупно 860 m2 во двата објекти. Бројот на деца на возраст од 3 до 7 години изнесува 111, со 10,5 m2 површина за секое дете. Потребно е вкупно 1154 m2 во двата објекти. За децата до 14 месеци предвидени се креветчиња со површина од 225 m2 ( за 50 деца), односно 4,5 m2 за едно дете.

За дневно снабдување на граѓаните предвидени се 3 пункта. Усвоени се 0,106 m2 површина за продавници со магацини со по еден становник или вкупно 486,0 m2. Дел од трговската мрежа со општествен карактер на оваа територија изнесува 740 m2 површина; угостителски објекти и друштвена исхрана со вкупна површина од 1014 m2 ; сервиси и услуги со вкупна површина од 862 m2; авто-такси станица со 116 m2. Просторот за паркирање изнесува 20m2. Се предвидува едно возило на 14 жители и за сместување(гаражирање на возила) на 30 жители во една гаража.
Вака поставениот програм во урбанистичкото решение, пред се, ја условува поделбата на територијата на две зони: едната северо-западно од сообраќајницата ,,Кочо Рацин’’ со претежно административни, научни и друштвени функции од општествен и регионален карактер и другата југоисточно од оваа улица-станбена.

Со оглед на рационално искористените површини, ваквите односи се добри и прифатливи.
Од вкупниот број на 1243 станови три, четири и пет постели припаѓаат на 78 %, а останатите 22% на станови со една или две постели. 53 % спаѓа на рационална висина од П+4 ката, додека остатокот е поделен и спаѓа на згради со висини од П+2, П+6 и П+9 катови. Освен тоа во колективните згради има 97,6 % станови, додека 2,4 % спаѓаат во индивидуални згради и тоа во оние кои се изградени во повоениот период.

Blagoj Kolev Novo Maalo 3
Не изнесувајќи ги сите податоци и елементи од урбанистичкото решение, ќе споменеме дека според поставената проектна програма сосема задоволувачки е решен проблемот на сите пратечки објекти, школи, комбинирани детски установи, здравствени објекти, снабдување и трговски центри, угостителство и друштвени исхрани, сервиси и услуги, работни простории, објекти за активна ментална рекреација, простор за паркирање и гаражирање на возила, зеленило и др.

Трговскиот центар заслужува посебно внимание во функционална и обликувана смисла. Ситуиран централно во однос на целата територија претставува интересен простор. Иако oпкружен со високи објекти кон сообраќајницата ,,Кочо Рацин’’, со неа е поврзан преку пасажи и продори. Сите простории се проектирани галериски со надворешни и внатрешни скали. Партерот е поплочен, збогатен со зелени оази и водени површини. Вака архитектонски разигран, овој центар, освен тоа што претставува интересен и атрактивен амбиент, овозможува и добра работна организација.

Сообраќајот е решен така што е прифатено сообраќајното решение на градот во однос на важните сообраќајници кои поминуваат низ оваа територија, со посебна студија за попречни и надолжни профили на сите останати улици од пониска категорија.

На крајот, затоа што не се изнесуваат трошоците на изградбата заради долгорочноста на реализацијата, ќе изнесеме интересно усвоено мислење на Советот за комунални работи на општината на која припаѓа оваа територија. Бидејќи се работи за реконструкција на густо населено подрачје во центарот на градот, реализацијата ќе се изведува етапно за одредени блокови. Инвеститорите ќе бидат должни да ги тргнат сите стари објекти и според проектот да ги уредат сите слободни зелени површини, така што секоја етапа ќе претставува завршена урбанистичка и просторна целина. Дури по завршувањето на реконструкцијата на еден блок, ќе се премине на друг, до конечната реконструкција и реализација на проектираната територија.

На подрачјето на истата општина, на слободните површини на релативна близина, според Генералниот регулационен план во изградба се две нови станбени населби кои ќе примаат жители од територија на ,,Ново Маало’’ каде ќе се изведе проектираната реконструкција.
Урбанистичкото решение на територија на Ново Маало е предложено од Урбанистичкото друштво НР. Македонија за Ноемвриска награда на градот Скопје.

Материјалот го приложил и обработил: Антонио Грујевски

Автор на статија: