Факултет за Информатички науки и Компјутерско инж. / Taktik 2014

Автори: тимот на Тактик
Локација: Скопје
Соработници: Горјан Венов, Мартина Петковска, Тоше Андонов
Година: 2014
Извор:  taktik.mk

70810cb3-f2b3-4798-845c-7e1350291f68_850x425

Универзитетскиот комплекс Св. Кирил и Методиј претставува една од најзначајните референтни точки во градот. Дефиниран како центар на образование и прогрес, со својата препознатлива конфигурација и архитектура, создава еден цел систем на општествено живеење посветено на едукација и иновативност.

c60d0dc3-9ce2-4a51-93f8-432f91a06bc0_850x283

Новиот факултет за Информатички науки и Компјутерско инженерство е дефиниран да биде предводник на оваа идеја. Самата материја за која е конфигуриран овој објект наметнува современост и иновативност во својата појавност и дефинира јасна стратегија за следење на новите технологии и создавање на нови решенија карактеристични за ерата на Информатичкото Општество, во кое денес живееме.

81f8f025-bc09-4380-8edb-7f916847d4f7_850x599Формалниот манир на предложениот објект е резултат на ваквото размислување. Конфигуриран како едноставен волумен каде интерната комуникација и размена на информации се императивни параметри, зградата се вклопува во зададениот контекст, нудејќи современост во својот израз и елементи со кои се поврзува со карактеристичното ткаење на Универзитетскиот комплекс.

5eca7bba-9f5b-48f6-a0bb-351d48363539_850x574e76f0255-c871-4845-8430-0592ff4a4c4b_850x599Зафаќајки го максимумот од својата развојна површина како резултат на густата застапеност на програмските сегменти, објектот е дефиниран како систем на јавни и полујавни простори, наменети првенствено за неговите корисници. Почнувајќи од нивото на приземје, дефинирана е главната препознатлива карактеристика, именувана како „внатрешна улица“, која го создава јавниот карактер на објектот и овозможува непрекината комуникација во истиот. Тангентно околу овој елемент се одвива програмското ткаење.

735a0f68-dd84-4df0-8725-0068de8fe2c1_850x611„Внатрешната улица“ е ‘рбетот на новиот објект,семантички, програмски и конструктивно, која дефинирана како јавен простор, гоодржува објектот активен во текот на целиот ден. Постоењето на овој јавенпростор кој протекува низ целото приземје и се развива на катовите во систем нагалерии, создава нова типологија на објект за образование каде социјализацијатае предвидена и планирана, согласно трендовите во информатичкото работење.

d25bb22f-71e9-475d-941f-0e46f313d403_850x597

 

761b9ecc-0e9b-4c02-b95c-b4f424d5c8be_850x1364

16e9ec39-7473-4210-9291-60c26ee3affc_850x1364

6771c696-e785-4c6b-8db5-e4ec43016287_850x490

f9131310-1987-4e69-bfe6-60a482e1f751_850x491

efc1e620-1e9f-47df-a559-1637e12680ef_850x574

Автор на статија: