Фотогалерија „Херои за еден ден“ / 27.06.2016 – МОБ

Вчера со почеток во 20:00 часот свечено се отвори изложбата „Херои за еден ден, Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“.

Изложбата одново ги согледува делата на трите словенечки автори/бироа, чии градби во Скопје станаа клучни обележја дефинирајќи „градови во градот“:

-МОБ – Македонската опера и балет како дел на Културниот Центар на Биро 71 (изградена 1972-’81),

-УКИМ – Универзитетскиот центар „Свети Кирил и Методиј“ на Марко Мушич (изграден 1970-’74)

-ПМФ – Природно-математичкиот факултет на Едвард Равникар (изграден 1949-’51).

IMG_6740

Истата беше создадена на иницијатива на уметницата Нада Прља и  архитект Даниел Серафимовски, како и Амбасадата на Р. Словенија во Република Македонија, како покровител и спонзор.

На отворањето говореа споменатите куратори и организатори, амбасадорот Бранко Раковец, деканот на Архитектонскиот Факултет, Минас Бакалчев како и проф. Влатко Коробар. Се истакна важноста и посебноста на објектите – тема на разработка, нивната вкоренетост во скопската матрица и придонесот за домашната архитектура.

Покрај отворањето на изложбата, се промовираше и книга посветена на истата, која по симболична цена можеше да ја набават присутните.

20160628_114258

20160628_114500На изложбата беа претставени повеќе оригинални архивски материјали ( планови, цртежи, реставрирани модели), новосоздадени парцијални модели на делови од објектите, фотографии, материјали од АФС, материјали од изложбата „Навраќање на постземјотресната обнова на Скопје, како и дела на македонските уметници Никола Узунов и Јане Чаловски.

IMG_6748

Во соработка помеѓу АФС и Амбасадата на Р. Словенија се додели награда „Едвард Равникар“ за најдобар студентски проект од летниот семестар 2016, која ќе им овозможи на наградените да ја посетат Љубљана и делата на големиот словенски архитект.

Низ фотогалерија ви пренесуваме дел од атмосферата од вчерашното отворање, со желба да ве заинтересираме да ја посетите. Изложбата ќе трае до крајот на месецот.

IMG_6747

IMG_6746

IMG_6756

IMG_6751

IMG_6753

IMG_6754

IMG_6757

IMG_6701

IMG_6738

IMG_6717

IMG_6707

IMG_6706

IMG_6711

IMG_6716

IMG_6715

IMG_6710

IMG_6761

IMG_6724

IMG_6762

IMG_6704

IMG_6726

IMG_6729

IMG_6735

IMG_6734

IMG_6730

IMG_6732

IMG_6731

IMG_6714

IMG_6737

IMG_6749

IMG_6759

IMG_6764

IMG_6739

od knigata

 

Фото: Борис Јурмовски

 

Ф.К

 

 

Автор на статија: