Центарот на Скопје, од катастрофа преку визија до реалност

Скопје е град на природни  катастрофи. Во познатата историја одвојуваме дури три земјотреси, 518 година, која го уништува античко Скупи, потоа 1555 година  и последниот 1963 година. Покрај овие катастрофи, во Скопје се случуваат и поплави, пожари и разрушувања од воен карактер.

Во последните сто години, од балканските војни до денес, Скопје го менува неколку пати својот лик. По балканските војни следува развој,  европеизација на градот, кој добива сериозно преобликување во периодот меѓу двете светски војни.

Старо Скопје

По втората светска војна, Скопје станува главен град на СР Македонија и го доживува своето модернизирање и лесно движи кон „метрополизација”. Се случуваат сериозни интервенции во центарот, каде се изолираат провинциските слики, и се тежнее кон рамнотежа со цел градска слика и урбанистичко усмерување за иднината.

20150727_103545

центар на Скопје, после војната пред земјоресот

Во 1963 година, се случува скопскиот земјотрес со 80% разрушување на градежниот фонд, со што се губи архитектонската и урбанистичката слика и наследство.

image

Се одлучува на смел чекор, меѓународен конкурс под покровителство на ООН, по кој се доверува центарот на Скопје, на прочуениот јапонски архитект Кензо Танге.

tange 2

Смелото размислување на Танге, се изучуваше насекаде низ светот, како урбанистички пример за современ град. Колку Скопје и новодоселениците во отворениот град, со своите навики беа подготвени за „футуризам” е прашање за сериозна дискусија.

Васил Василевски_марх_7

Во контекст на размислувањата на Танге и нереализираноста на планот, продолжуваме со текст на Васил Василевски, кој прави анализа на планот за Скопје:

Васил Василевски_марх_2

Васил Василевски_марх_1

Васил Василевски_марх_3

Васил Василевски_марх_4

Васил Василевски_марх_5

Васил Василевски_марх_6

Васил Василевски_марх_8

Од текстот на Василевски, може лесно да се увиди текот на настаните од идејата, текот на реализацијата, промените и крајните измени во новата визија, која сериозно ја критикува.

Дали требаше да се направи рамнотежа на новото Скопје, каде ќе се оставеше простор за ревитализација бар на централниот дел од „Старо Скопје”, како би оставиле видлива и жива архива за иднината, или можеби требаше само симболите на едно време (Офицерски Дом, Народна Банка, Театарот, Железничката станица итн.) да се реконструираат како би се оставиле бар маркерите на просторот е прашање, кое повторно се постави на почетокот на 90тите, за кое потврдува и Васил. Некои од плановите предложуваа европски традиционален центар, архитектонски асоцирајќи на сликите од минатото. Рамнотежа на носталгијата и разумноста, но и реален одговор на 90тите, кога се појавува еден бран на историцизам кон естетиката и пластиката на објектите и ентериерот (особено враќањето на стилизираниот тимпанон).

20150727_103527

Од  аспект на: Дали требаше да се врати некоја слика од предземјотресно Скопје,  во текот на обновата, од денешен аспект, можеби ќе превенираше од неразумна носталгија по одминати стилови, насушната потреба од „аристократски” фасаден израз и нападот врз јадрото на Скопје.

Низ историјата се потврдило дека обидот за целосно бришење на слика, се враќа вртоглаво и извитоперено како бумеранг. Можеби визијата на Скопје, требаше бар малку да остави простор и на европскиот град, притоа непречејќи му на новиот да се развива вон тие граници.  Скопје премногу лесно се прости од се што го градеше првата половна на  ХХ век, што се покажа како груб чин кај голем дел од граѓаните. Тие до денес, сеуште плачат на фотографии од предземјотресното Скопје. Можеби архитектонската суета требаше да подразмисли и на емоционалната вредност на некои од објектите, изолирајќи ја критиката на историјата на архитектура бар за миг. Сето тоа, се разбира во контролирани рамки, без простор компромисот да ја жртвува иднината на градот.

Движејќи се низ празнината од интервенциите во 80тите, немањето средства во 90тите, до постепеното движење и нови бранови по 2000 година, се случи пресврт.

Скопје во 90тите

Оддеднаш од фиоките на актуелната власт се појавува проектот за Скопје 2014, претставен преку визуелизација, без никаков конкурс, јавна дебата или можност за сериозно анализирање и вклучување на професионалната јавност. Градот доживува „силување” кое претставува микс на чувства, патриотизам, необразование, празнина (нереализирансот на неколку плана по ред), одлучност, арогантност, алчност, комплекс на сиромашно дете кое одеднаш се збогатува, невкус, манипулација на националното чувство итн.

 

image002.preview

skopje2014

Проектот направи метастаза, навлегувајќи во секоја нова интервенција во центарот, постепено вбризувајќи идеја дека се треба да се адаптира на новата „естетика”. Скопје со овој проект отиде многу чекори наназад, народно речено ги помеша брзините, но за тоа се виновни и претходните генерации и немоќта на институцијата Град Скопје. Центарот на градот остана нереализиран и празен 30 години, со што се изгуби континуитетот на мислата.

Денес Скопје, е вон контрола на професијата. Денес Скопје, се убрзува кон капиталистичко задушување и летаргија на немоќноста на образованите луѓе.

Денес Скопје е оставено на метаболизмот на власта, која е полоша од било кој земјотрес, власт која очиглено не прави разлика меѓу тоа што е водење љубов, а што е силување.

Скопје, држи се, ќе дојде повторно твоето време!

постер_Филип Конески_Ск радост ти ќе бидеш 2013

Користен материјал:

– „ Имињата на улиците на Скопје” – Собрание на град Скопје… 1980

– „Градски центри ” – Васил Василевски 1998

– Бимас 1993

Автор на статија: