Централно подрачје на Скопје / Блажевска, Стојков, Константиновски

Идејно урбанистичко – архитектонско решение

на централниот простор околу камениот мост

 

Автори: Зорица Блажевкса, Тихомир Стојков, Георги Константиновски

Година: 1992

Организатор: Министерство за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија

Извор: Бимас 1993

 

„Градскиот плоштад се формира со цврста геометриска рамка на објекти со аркади и изедначени височини до П+5 ката и кон кејот формира порта како сеќавање на Офицерскиот дом и Банката. Предвидените богати содржини на десниот брег: хотел- центар на културата и уметноста, Градската куќа итн. го сочинуваат плоштадот фокус и место на социјални средби, ја обезбедуваат неопходната густина на изграденост на централното јадро и нудат волумени за репрезентативни објекти, кои ја следат воспоставената синтакса на урбаната морфологија. Врз редиментите од матрицата на предземјотресниот период доследно се обновува градскиот блок, улицата, плоштадот и се воведува скверот како реминисценција на загубениот Плоштад Слобода.

Скверот, следен и од габаритите на објектите, обезбедува сообраќајно опслужување на околните објекти, прави нов центар на интерес на просторот и ги збогатува визурите во градското средиште. Суптилниот однос кон културното наследство и урбаниот континуитет, традиционалните форми и кодови, како и вредностите на микроамбиентите, прават успешен обид за воспоставување сопствен идентитет на Плоштадот и обновување на вербата и љубовта кон градот. “

Ф.К