100 години од раѓањето на Вангел Наумовски
26.03.2024 • Информации Уметност
На 22ри март годинава, се одбележаа 100 години од раѓањето на македонскиот сликар и визионер Вангел Наумовски. По тој повод здружението Архрид во знак на благодарност и почит кон неговиот придонес се одлучи да го одбележи неговото дело, преку реинтерпретација на една од неговите графики направени во Загреб во 1970 година во форма на мурал од 80m2 заедно со неговиот портрет.
Локацијата која е одбрана е во близина на неговиот дом и атеље во Охрид, врзувајќи се со иницијативата овој простор – плоштадче да го добие неговото име.
Фото: Марио / Архрид
За настанот можете да се информирате повеќе кај изворот, додека за неговиот лик, дело и значење во светот на македонската архитектура можете да дознаете повеќе од нашата претходна објава .
Автор на статија: Filip Koneski
100 години / Архрид / Вангел Наумовски / Мурал / Охрид