11 ГОДИНИ МАРХ МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА
24.11.2025 • Информации
11 години зрачиме во нет просторот, со идеја да ја подигнеме јавната свест за постоењето на македонската архитектура низ сите нејзините епохи, предизвици, победи и порази.
11 години постоиме со љубов во добронамерноста кон чинителите на домашната сцена, во упорноста да се истрае и да се внесе силна желба за промени кон подобро.
11 години надеж дека конечно ќе ја видиме македонската архитектонска сцена – обединета, организирана и сеприсутна во одлуките кои ги одредуваат тековите.
Си посакуваме и понатаму да издржиме во мисијата, си посакуваме поддржувачи и спонзори кои ќе ја дадат поддршката недвосмислено, си посакуваме се побројна публика и си посакуваме сите желби од нашето основање полека да се исполнуваат ( видео содржини, печатено издание, свој простор, здружение, работилници, истражувачки проекти итн…. 🙂
11 години МАРХ Македонска АРХитектура !
Нека трае!
Автор на статија: Filip Koneski
