„40 години траги во просторот“ – изложба на архитект Билјана Филиповска
10.02.2016 • Информации

Музејот на град Скопје
Ве поканува на отворањето на изложбата на Архитект Билјана Филиповска „40 години траги во просторот“ Среда 10. февруари 2016, во 20:00, часот.
Изложбата претставува ретроспективен пресек на архитектонското и дизајнерско творештво на архитект Биљана Филиповска. Во изминатите 40 години нејзиното творештво брои голем број проекти, од кои 30-тина се позначајни, а повеќето од нив се и реализирани. На изложбата, преку дизајнирани паноа, ќе бидат презентирани одбир на најзначајни проекти и реализирани објекти со кои Билјана Филиповска, самостојно, или со соработници во тим, оставила значаен белег на македонската архитектонска сцена.
извор: Музеј на град Скопје

Автор на статија: marh