Македонска АРХитектура
09.02.2023 • Информации Урбанизам
Порталот „Сакам да кажам“ објави дека според новиот ДУП за Градска четврт И 05 – Маџир Маало 2, се предвидени изградба на 48 хотели и 50 згради, два деловни објекти, градинка и ситни зелени површини.
Урбанистите од Општина Центар изјавиле дека ова е максимумот што може да се очекува од просторот според ГУП -от на Скопје.
Паметиме неодамна кога имаше презентации на предлог плановите, дека жителите без срам негодуваа било која друга намена освен колективно домување. Без влакна на јазик објаснуваа дека нивната борба е што може повеќе станови за нивните деца. Денес урбанистите се доведени во состојба да се објаснуваат себе си пред апетите на жителите, како тоа не е возможно.
Според тековниот ГУП на 35 % на просторот е предвидено домување, додека на 43 % деловен простор. Максималната височина на објектите се 5 ката и поткровје, додека придобивките според општината од новиот план е дека државното земјиште било целосно употребено за јавното добро (паркови и градинка). Во контекст на истото се вели дека на секоја сообраќајница се предвидени велосипедски патеки, оставен е простор меѓу зградите а исто така извршено е поместување на сообраќајниците со што наводно се спасени „50“ имоти на граѓаните. Неверојатна е желбата на граѓаните и насоките по кои урбанистите треба да се водат.
Прочитајте подетално кај изворот >>>
Автор на статија: Filip Koneski