7 македонски проекти номинирани за EU Mies Awards 2024

Наградата на Европската унија за современа архитектура , која го носи името Mies van der Rohe е награда што секоја втора година ја доделуваат Европската унија и фондацијата „Мис ван дер Рое“, од Барселона, со цел да се признае и награди квалитетната архитектонска продукција на територијата на Европа.

Наградата е создадена во 1987 година, од страна на Европската комисија, Европскиот парламент и фондацијата „Мис ван дер Рое“. Наградата е наменета за сите реализирани дела  во Европа во период од две години пред доделувањето. Делата може да ги предложат независни експерти, национални архитектонски здруженија или советодавниот комитет, а потоа истите ги оценува жирито кое се состанува за секое издание. Петте  дела  кои влегуваат во финалето ги посетува жирито,  пред да ја донесе крајната одлука.

Почнувајќи од 2016 година е воведена и новата категорија- награда наменета за младите таленти во светот на  архитектурата (YTAA), која сака да  ги истакне најсупешните завршни проекти на неодамна дипломираните архитекти, пејзажните архитекти или  дизајнери.

За престојната „European Union Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Award 2024“ номинирани се 7 македонски проекти:

 

1.BB House / BINA [bureau of inventive architecture] / Бекир Адеми, Амине Адеми

 

 

2. May Apartments /  BMA – Besian Mehmeti Architects / Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Христина Мијалчева, Бранко Стојановски, Урош Николоски, Теута Бајрами, Даме Јовановски, Виктор Лазарески, Астрит Азири, Емилија Стојаноска

 

 

3. Изложбено дистрибутивен центар со магацин Балканија /  Syndicate Studio / Илија Божиновски, Дејан Секуловски, Миа Ширик, Саше Нешиќ, Катина Сутоглу

 

 

4. MA HOUSE / PROXY/ Никола Кунгуловски, Медина Гициќ

 

 

5. Детска градинка во Волково / Prima Inzenering / Филип Конески, Даница Спасевска

 

 

6. CHP House / Attika architects/ Симон Папеш, Никола Томевски, Бојан Тасевски

 

 

7. Вила за современо домување / Biro 60B, Arhitektura Nova/  Марија Димитриевска, Елена
Пазарџиевска