77 Living frames / KONNTRA

 

„77 living frames“ е проект изработен од страна на интернационалниот тим на архитекти KONNTRA, претставен преку изложба во просториите на Botaničar во Загреб.

Проектот е започнат како истражување, каде низа учесници ја пренесоа својата замисла за место кое за нив означува „дом“. Потоа го опишаа со фотографии и текст, а сите одговори беа документирани и преработени во колажи во препознатливиот графички израз на овие млади архитекти.

 

 

 

 

 

 

Разноликоста на илустрациите произлегува од различните интерпретации на терминот дом – за некого тоа е надвор, за некого внатре, за некого е посебно место а за некого обичен дел од секојдневието. Па така и секоја рамка од изложбата е различна, како навистина да се превземени од домовите на учесниците.

Изложбата постигна исклучителен успех, одличниот дизајн го претвори и просторот на Botaničar во уште поудобен, поинтересен и подомашен.  Впрочем, локација беше далеку од случајна. Botaničar е мултифункционален простор и важна точка од урбаната мапа на Загреб, а како место кое интензивно ја промовира културата, беше одличен домаќин на оваа изложба.

„77 living frames“ беше поставена од Декември 2019 до Јануари 2020, а пред нејзиното затворање беше најавена и истоимената публикација.

 

 

 

 

 

 

 

“As this wave from memories flows in, the city soaks it up like a sponge and expands. A description of Zaira as it is today should contain all Zaira’s past. The city, however, does not tell its past, but contains it like the lines of a hand, written in the corners of the streets, the gratings of the windows, the banisters of the steps, the antennae of the lightning rods, the poles of the Bags, every segment marked in turn with scratches, indentations, scrolls.”

Italo Calvino, Invisible Cities

 

 

 

 

77 Фотографии – 77 Илустрации – Многу чувства пренесени преку слики и зборови, претворени во колаж/илустрација како апстрактен приказ на одредена имагинација. 

Позади секоја рамка стои нова приказна, приказна за просторот, неговите корисници, нивната поврзаност со тој простор. Врамена приказна – во најразлични рамки, стари или нови, пронајдени, позајмени или купени, мали или големи, тркалезни или правоаголни.

Сите посебни, со свој шарм и карактеристика, исто како колажите што беа претставени на самата изложба. Секоја фотографија посебна, не само заради просторот кој е фотографиран, туку и заради индивидуалноста и нејзината / неговата одлука да се сподели токму ,,Тој“ еден и единствен кадар или сегмент од својот живот.

 

 

 

 

 

 

Рутинските навики на луѓето, иако навистина променети низ времето, секогаш можат да не навратат кон „нешто“ кое не потсетува на минатото. Главна инспирација, како неисцрплив извор, беше просторот – неговата разновидност и можностите да генерира домашна припадност, индивидуална размисла, одредена приказна, потреба или пак желба.

Преплетени со имагинацијата, меморијата, тактилната сензитивност претставуваат суштински аспект во сопственото искуство и секојдневните животни навики што ги уживаме.

 

 

 

 

Релација со просторот во кој го поминуваме секојдневието. . Нашите најинтимни простори во кои наоѓаме засолниште, блискост, припаѓање, сигурност. Места на “domesticity“.

Некој може да ги пронајде тие простори во својот дом, друг во мал агол на библиотека, трет покрај масата во своето омилено кафуле, или во својот автомобил заглавени во секојдневениот сообраќаен метеж…

 

 

 

Поврзаноста со одредено место и активност гo стимулира нашето размислување и нашите спомени, нашето чувство за време, минато или сегашност. Каде е местото што го посетивме или сè уште го посетуваме дури и денес? Какво чувство и емоција ни буди? Тоа може да биде отворено или затворено. Преполно или тотално празно без никаков знак на човечка интеракција?

Сепак носталгијата што е формирана потекнува од секое претходно искуство што го имаме, тоа е дел или обид да се врати значењето и да се согледа еден просторен ентитет.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За сите заинтересирани – публикацијата е достапна и во печатена верзија и може да се нарача на office@konntra.com до 15ти Фебруари 2020.

Од авторите – KONNTRA

 

 

Фотографии од изложбата: Ивица Ивочевич