Pro Credit Bank / Radius Architects

Година: 2015/16

Автори: Radius Architects

Клиент: ПроКредит банка

Локација: бул. „Илинден“ Скопје

Извор: Авторите

Во 2015 година бевме селектирани да го направиме дизајнот на седиштето на ПроКредит банка во Македонија. Про Кредит банка во своето работење се стреми кон динамичност, достапност и отвореност. Овие три принципи како и контекстот на локацијата ги зедовме како главна водилка при изработка на дизајнот. Идејата за отворен простор, полн со светлина и контекстот на локација доведоа до создавање на објект составен од три волумени кои и обликовно и програмски се различни.

C:UsersAleksandarDesktopPORTAPCB_Situacija Model (1)

Локацијата е ограничена со улици од северната и источната страна и со соседни парцели од јужната и западната страна. Од јужната страна во непосредна близина беше планирана изградба на објект со висина од 60 метри. Со цел да се пропушти природната светлина низ објектот како и да се отворат визури кон надворешноста, волумените се издигнуваат од аголот на двете улици према внатрешноста на локацијата.

??????????

Во јужниот дел кој е ориентиран кон високиот објект се сместени експозитурата и салите за обуки и тренинг, простории кои не се користат во текот на целиот работен ден. Во североисточниот волумен е сместен влезниот хол и менаџерските канцеларии. Во највисокиот волумен се сместени поголемиот дел на административните простории. Со издигнувањето на овој волумен се отвори можност за негова ротација, нормално на подолжната оска на површината за градење со што се избегна јужната ориентација која е блокирана со високиот соседен објект. Со оваа ротација овој дел се ориентира кон исток и запад, а со тоа поголемиот дел од канцелариите добија поголема природна осветленост и широки визури.

??????????

Водени од идејата за отвореност и динамика на објектот посебно внимание посветивме на атриумот кој внатрешно ги поврзува овие три волумени. Централниот простор претставува влезен хол кој се протега по три висини каде се испреплетуваат хотизонталните и вертикалните комуникации. Дополнителна динамика и осветлување на овој дел му дава и лантерната над холот која заедно со рамните зазеленети проодни тераси на атриумот му даваат повеќе отворен отколку затворен карактер.

??????????

Идејата за креирање на отворен објект е надополнета со употреба транспарентните стаклени ѕидови помеѓу просториите и ходниците-галериите.

??????????

Динамиката и флексибилноста на работење на самата банка и нивното прилагодување кон новонастанатите општествено-економски потреби бара простор кој и самиот ќе биде прилагодлив. Затоа при изработка на проектот користевме проектантски модул кој претставува половина потребен простор за 1 вработен. На овој начин е овозможена флексибилност на преградните ѕидови за некој иден развој на објектот. Модулот е потенциран и на надворешните ѕидови кои всушност претставуваат обвивка која е независна од внатрешниот функционален распоред.

_dsc1196

Удобноста на еден објект во денешно време е незамислива без употреба на современи технологии и материјали. Објектот е проектиран со големо ниво на енергетска ефикасност со употреба на материјали за топлотна и звучна изолација и технолошки системи за заштеда на енергија кои се управувани со менаџмент систем. Материјалите користени во изградбата на објектот се еколошки, што беше и едно од главните барања на Прокредит банка.

??????????

Радиус архитекти беа ангажирани и за комплетното ентериерно уредување на објектот. Изборот на употребените материјали и колоритот на ентериерот е изработен согласно стандардите кои претходно ги поставивме во ентериерната обработка на сите експозитури во Македонија на Прокредит банка.

??????????

??????????

??????????

Истиот израз го користевме и во ентериерот на деловната зграда. Минималистички линии со доминација на белата боја и употреба на материјали со дрвена структура кои заедно со зеленилото во објектот даваат смирен и релаксиран простор за работа.

_dsc1125

??????????

Ф.К