Транспортен центар- Велес / Митевска и Ѓорѓиоска
30.01.2017 • Студентски проекти
Интегративно Студио 9.2
Автори / студенти : Митевска Викторија и Ѓорѓиоска Душица
Ментор: Доц. д-р Михајло Зиновски
Локација: Велес
Тема: Ре-квалификација на јавниот транспортен систем во преодот од средни кон големи градови- Велес
Учебна: 2016/2017
Овој проект е дел од работата на Интегративнотото Студио во девети семестар, чија што задача беше да се проектира композиција од објект/и од областа на јавниот транспорт и проектирање на нова автобуска и железничка станица во Велес.
Локацијата на која се предвидува новиот транспортен центар е кај т.н. станбена единица “Чешел” која се наоѓа непосредно до мостот на ул. Илинденска, веднаш на кејот на р. Вардар од двете страни: на десниот брег е поставена железничката станица (на таа страна веќе поминува железничката пруга на која се надоврзува новиот проект), а на левиот брег се поставува автобуската станица.
Во проектот доминира објектот на железничката станица. Карактерот на надворешниот изглед е добиен од самата конструкција на обвивката која е решена со специфична комбинација на челични рамки и решетки и која е целосно независна од конструкцијата на содржините во внатрешноста на таа обвивка.
Обвивката на објектот е целосно застаклена. Железничката станица со интегрирањето на големиот број на содржини во функција на задоволување на потребите на патниците, прераснува во програмско интегриран тип на објект кој во себе треба да ги содржи сите функции од типот на трговски и услужни дејности: повеќе видови на чекални, ресторан, бар, кафетерија, простории за трговска намена и сл.
Автобуската станица е решена минимално, во еден линиски потег. Двата објекти се поврзани меѓусебно со пешачки мост кој овозможува непречена комуникација и функционирање на објектите како една целина.
Ф.К
Автор на статија: marh
Ѓорѓиоска Душица / Интегративно Студио 9.2 / Митевска Викторија / Транспортен центар- Велес