Најавена обнова на хотелот „Европа“ во Отешево

Изминатите денови се најави реконструкција на еден од најатрактивните хотели на Преспанското Езеро, хотелот „Европа“ во Отешево.  Во медиумите се спомнува името на инвеститорот „Глобал инвестмент фонд“ од Обединетите Арапски Емирати, кој станал сопственик на хотелот. Реконструкцијата се најавува за месец мај.

Пред повеќе години за оваа локација се најавуваше голема португалска инвестиција која сакаше од хотел „Европа“ да направи светска дестинација, но ништо од тоа не се случи.

@www.for91days.com 

Хотелот „Европа“ изгоре во пожар 2005 година, по кој настапи пропаѓањето проследено со кражби кои буквално ја демонтираа целата внатрешност. Во својата „златна доба“ функционирал како најдобриот сместувачки капацитет во Преспа со најубавиот поглед на езерото.

Новите сопственици најавиле враќање на сјајот на објектот и привлекување голем број на туристи.

Фотогалерија од моменталната состојба >>>

 

 

 

Автор на статија:

/ /