„Буњаковец“ / Деловски со соработниците

Трговско – деловен објект „Буњаковец“

Локација: Скопје, бул.„Партизански Одреди“

Автор: Бранко Деловски

Соработници: Цвета Попова, Лилјана Груевска, Снежана Јовчевска

Консултант и поддршка: Мимоза Капсарова

Година на проектирање: 1991

Година на изведување: 1991-93

Извор: Бимас ’93

 

Главниот проект за Трговско деловниот објект„Буњаковец“ е изработен врз основа на усвоеното конкурсно идејно решение за т.н комплекс-пазар „Буњаковец“. Трговско – деловниот објект е само дел од комплексот изграден во првата фаза.  Објектот со урбанистичките услови е дефиниран како трговско деловен објект од П+2 ката. Нашите познати чардаци и широко застаклени еркерни одаи се основниот архитектонски израз.

Основа на приземје

При самото проектирање, јас овој трговско деловен објект го разбрав како манастирски конак во кој ќе пропапарадираат безброј луѓе и за секого да има некакво катче за оддишка. Архитектот е секогаш најсреќен ако подлабоко допре до човековата душа – впрочем се што градиме – градиме за човекот.

Со своите мирни и пространи тремои и чардаци, карактеристично зза овој објект, се создава ретка живописна слика, а со тоа и заштита на минувачот.

Проектна организација: ГП „Бетон“ А.Д. – Скопје во мешовита сопственост ц.о Р.Е Институт за студии и проектирање

Инвеститори: ГП. „Бетон“  А.Д. Скопје и ПУИНГ „Скопје“- Скопје

Изведувач: ГП „Бетон“ А. Д. Скопје

 

Ф.К