Како да ја подобриме примарната селекција и одлагањето на отпадот од домаќинствата во Скопје?

СкопјеЛаб ги кани граѓаните да учествуваат со свои идеи и предлози на работилници за дизајнирање и тестирање на иновативни решенија за подобрување на примарната селекција и одлагање на отпадот од домаќинствата во Скопје.

За таа цел ќе се одржат следниве четири работилници

  • На 13ти ноември, понеделник од 15:00 до 19:00 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје. Повеќе инфо овде.
  • Трета работилница – 11.2017
  • Четврта работилница – 11.2017
  • Петта работилница – 11.2017

Во оваа фаза учество ќе земат повеќе претставници од: ромската заедница – неформални собирачи на отпад,  Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање,  Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации и неколку приватни компании кои работат на собирање отпад вклучувајќи го и електронскиот отпад како и граѓани.

До сега е одржана една работилница на која се анализираа податоците од теренското истражување (навики, потреби, причини) со цел да се одреди правецот во кој треба да се размислува при изнаоѓање на решенијата.

Сите работилници се отворени за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите СкопјеЛаб ве повикува да пријавите интерес за учество на skopjelab@skopje.gov.mk.

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

Пилот проектот за справување со проблемот со отпадот во Скопје е на иницијатива на Скопје Лаб како резултат на долгорочно истражување на проблемите со кои се соочува град Скопје. Проектот е помогнат од страна на Програмата на Обединетите нации (УНДП) и Град Скопје.

 

Автор на статија:

/ / /