После Маркс: Материјални контури – Митеш Диксит
13.03.2018 • Информации
Датум: Среда, 14.03.2018
Време: 18:00 часот
Место: Универзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн Кат 5 Амфитеатар 2
Предавање на Митеш Диксит на тема: „После Маркс: Материјални контури“.
За предавачот:
Митеш Диксит го основал архитектонското студио DOMAIN OFFICE во 2012 година. По завршувањето нa основни и дипломски студии на политичи науки и филозофија, Диксит завршува мастер студии во областа на архитектура при Washington University во St. Louis. Својата кариера ја започнува во Сан Франциско во архитектонското биро SOM (Skidmore, Owings & Мerril). Пред основањето на DOMAIN OFFICE, Диксит соработува со Рем Колхас во OMA (Оffice for Metropolitan Architecture) како проект-лидер на многу меѓународни проекти меѓу кои се вбројуваат MahaNaKhon Tower во Банкок, Commonwealth Institute во Лондон, Kuala Lumpur Financial District во Малезија.
Во 2011 година се приклучува на Техничкиот универзитет во Делфт (TU Delft) во Холандија, како визитинг професор на “Kатедрата за Архитектура, Урбанизам и Критичка теорија”, а од 2013 до 2016 година станува и уредник на “Катедрата за комплексни проекти” (Chair for Complex Projects) при TU Delft. Помеѓу другото, го водел студиото “Архитектонско насилство” (Architecture Violence), кое се фокусира на регионот на америчко-мексичката граница, како и дипломското студио “Во Чикаго” (In Chicago).
Автор на статија: Vase Amanito
Mitesh Dixit / Митеш Диксит / Предавање / ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ