Стан под падините на Водно / Smart Living
27.04.2018 • Ентериер и мебел
Студио: Smart Living
Фотографии: Андријана Тилич
Локација: Скопје, Македонија
Површина: 180 m2
Архитектонското студио и концепт продавница Смарт Ливинг од Скопје неодамна го заврши уредувањето на стан под падините на Водно. Предизвик во овој проект беше изострениот скандинавски вкус на клиентите кои живеат во Данска, земја каде секојдневно се сатурирани со врвен чист дизајн. Она што требаше да се достигне е да се пренесе рафинираната ненаметлива атмосфера на одмереност, а воедно да се задржи автентичноста и идентитетот на местото каде што се наоѓа.
Преку чисти линии,форми, флуидност на самиот простор, материјали и бои кои во хармонија комуницираат едни со други, Смарт Ливинг успеа да го задржи единството и да оствари уште една успешна соработка.
Основа
Автор на статија: Filip Koneski