MOOD STOP – работилница за дизајн техники со јаже / 12 мај
08.05.2018 • Информации
На 12ти мај, во организација на MELEEM Skopje се случува MOOD STOP – дводневна работилница за техники со јаже.
Работилницата е наменета за сите студенти по дизајн, архитектура и други заинтересирани лица. За време на дводневната работилница идејата е да се експериментира со можностите и плетките кои ги нуди јажето а со цел да се добие возбудливи транспарентни структури.
Завршниот производ ќе биде поставен на автобуска постојка во Белград, како дел од урбана интервенција на МЕЛЕЕМ како овогодишен гостин на Belgrade International Architecture Week и Future Architecture Platform.
Работилницата ќе се одржи во Универзитетската Библиотека во Скопје од 9 до 17 часот на 12ти и 13ти мај. Присуството е задолжително на двата дена. По крајот на работилницата учесниците ќе добијат сертификат.
Бројот на учесници е ограничен на 5 до 8 лица заради комплексноста на материјалот и затоа пријавете се пополнувајќи ја оваа форма
https://docs.google.com/
Присуството е бесплатно.
Водачи на работилницата се:
Проектен менаџер Маја Лозаноска
Архитект Сара Симоска
Асистент Лука Радовиќ
Автор на статија: Filip Koneski
Belgrade International Architecture Week и Future Architecture Platform / MELEEM / MOOD STOP / Јаже / Работилница