Семинар: Скопје наспроти предизвиците на животната средина
26.11.2018 • Информации
ЕУ ИнфоЦентар
улица Св. Кирил и Методиj Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, Скопје
27 Ноември (Вторник), 10:00 – 15:00 часот
Семинар:
„СКОПЈЕ НАСПРОТИ ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“
Скопје како главен град страда од проблеми вообичаени за големите градови: големо загадување во зимскиот период, густ сообраќај, непрекинато никнување на нови градби, ширење на градот, потреба од подобрување на средствата за јавен сообраќај, недоволно присуство на обновливи видови на енергија, зголемена миграција во градот…
Како да се решат овие бројни проблеми?
Како да се изгради град на утрешнината?
Кои се најзначајните влогови од општествена гледна точка за заштита на животната средина?
Со цел да се изнајдат одговори на овие прашања, Францускиот институт во Скопје, во соработка со град Скопје и неколку домашни оператори, организира семинар на којшто ќе земат учество домашни и француски експерти, меѓу кои г-ѓа Мишел Лари-Шарлис, директорка на Бордо Метропола 2050, и на г-ѓа Софи Муктар, од асоцијацијата Airparif за чистотата на возухот во регионот Ил-де-Франс.
Проектот е поддржан од Францускиот институт во Париз.
Со симултан превод.
Ве молиме за потврда на вашето присуство на следниот мејл: culture@ifs.mk
Проекција на документарецот:
„ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА ШИБАТИ“
Вторник 27 ноември 2018, 18 ч. | Кинотека на Македонија
Во огромниот град Шонкинг, последниот голем кварт е на работ на уништување, а неговите жители се преселени. Режисерот се спријателува со малечкиот Зу Хонг и со госпоѓата Ху Лиан, последните сведоци на еден свет кој наскоро ќе исчезне.
Филм на тема екологија и урбанизам, како дополнителна програма на големиот семинар за зачувување на животната средина во град Скопје.
Влез слободен.
линк од FB event:
Автор на статија: Љубен Трајаноски