КЕРМЕС – Градски парк, Скопје / Петровски

Година: 2019/2020

Семестар: IX-ти

Предмет: Интегративно студио

Автори: Александар Петровски

Универзитет: Архитектонски факултет - „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Ментор: Проф. Д-р Минас Бакалчев , Доц. Д-р Саша Тасиќ , Александар Петановски, Гордан Петров, Марија Петрова

Локација: Кермес - Градски парк, Скопје

 

Иако оригиналниот објект на Кермес не постои со години, тој сепак е едно од малкуте места кои се уште ја носат приказната за старо Скопје.  Неговата култна улога, како и интересна локација, го прават одлична тема за овогодинешното интегративно студио.

Ви претставуваме проект кој ја реинтерпретира и дополнува историската програма на градската кафеана, преку развивање по вертикала и отворање кон околното зеленило. Тој го надополнува постоечкиот јавен простор и ја акцентира потребата од вакви содржини во скопскиот градски парк.

 

Опфатот на интервенции и самиот објект се наоѓаат во градскиот парк на градот Скопје. Тема на разработка на интегративното студио во IX ти семестар беше темата Кермес која претставува култно место и дел од колективната меморија на граѓаните на градот Скопје. Простор со тажна историја од фокусот на летните настани во градот во текот на 1950/1960/1970/1980 год. Преку место на напуштен објект и предмет на дополнителна програмска и просторна трансформација во 90тите години до затворено градилиште во паркот со недовршени фрагменти од столбови , ѕидови, и платформи.

 

 

 

 

Концептот на самиот проект , освен локацијата на некогашната градба , опфаќа линиски сегмент со една главна подолжна аксијала исток-запад , на средишна барокна тема на паркот поврзана со локани аксијали север-југ кои ги дефинираат пејсажната композиција на запад и свечената променада кон споменикот Гоце Делчев во предниот источен дел. Во паркот се препознаваат низа пунктуелни елементи кои ја потврдуваат и/или произлегуваат од основната структурална шема на просторна организација кои функционираат независно но се композициски поврзани. Преку препознавање на овие пунктови, концептот се базира на зајакнување на аксијалата исток- запад со воведување на содржини од јавен карактер кои се во директна релација со природата и создадената средина и интензитетот на специфичната флора и фауна во паркот.

 

 

 

 

На просторот на некогашната кафеана Кермес се интервенира во 3 фази со наслојување на програмско – просторни квалитети кои ќе поттикнат да повторно тој простор стане место за интерес , собир и продуктивна осаменост и соживот со природата , простор на забава и учење , автентично место во паркот.

I фаза – наслојување на земја за слободна проточност и акцентирање на пејсажни руини од затекнатите фрагменти на започнатата градба

II фаза- поставување на линиска лебдечка структура со атриумски карактер која ја ‘’ допира ‘’ постојната структура и е во директна релација со крошните од дрвата во паркот

III фаза – длабење во подземен свет.

 

 

 

 

На ‘’лебдечката “ структура се предвидува програма од областа на временото сместување преку поставување на капсули за спиење и простор за одмор и работа на корисниците со минимална корисна висина на просторот од 2.10м. Структурата е интегрирана во фиксна мрежа од столбови со прегради кои одговараат на постојната модуларна мрежа која е затекната на самата локација.

 

 

 

 

 

 

Приземјето е слободно и во него се сместени сите вертикални и хоризонтални комуникации кои се локално ориентирани како и фрагменти од носечки елементи.

Во подземното ниво се предвидува ресторан / кафеана – програма која е директно поврзана со меморијата на Кермес.  Осветлувањето во подземното ниво е главно преку кружен отвор на лушпеста конструкција кој останува отворен за влез на дождовната вода во ентериерот на ресторанот што му дава посебен белег и врска со надворешноста.

 

 

 

 

 

 

 

 

Целата интервенција се базира на потези кои се интегрирани во постојната геометрија на паркот. Павиљон кој е втопен во природна амбиентална средина и споменик на едно време на транзиција на поранешната кафеана Кермес.

Од студентот