Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост / Хасани, Манева

Година: 2018

Семестар: VIII

Проектна задача: Проектирање на општествени згради - Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост

Предмет: Архитектонско студио 8.2

Автори: Елмедина Хасани и Милка Манева

Педагошки тим: Вон. проф. Михајло Зиноски, сор. Маја Даскаловска, сор. Александар Ѓорѓиев

Локација: Велес

При проектирање на разни архитектонски објекти, лицата со физичка попреченост најчесто не се земени во предвид. Но, ова студио се занимава токму со оваа тема која има улога да обезбеди простор во кој овие лица би ја добивале потребната нега и кои слободно би можеле да извршуваат разни активности.

Сл. 1 – Ситуација

Локацијата на објектот се наоѓа во централното подрачје на градот Велес, во непосредна близина на автобуската станица што овозможува брз пристап за корисниците надвор од градот. Земјиштето за градење е парцелата на поранешното кино кое веќе една деценија не е во употреба. Поради тоа, иницијативата беше да се реупотреби постоечката зграда. Но, поради минималната површина за градба се одлучивме да ја оставиме само фасадата, како знак на меморија за граѓаните.

Сл. 2 – Концепт

Со цел да ги вклопиме сите функции во една градба, се одлучивме да поставиме три волумени од кои едниот ја опфаќа целата парцела, додека два се високи и лежат врз првичниот волумен и излегуваат на улица, со што се продолжува уличниот фронт и кон објектот може да се пристапи од две страни.

Сл. 3 – Основа на приземје

Сл. 4 – Основа на кат 1

Сл. 5 – Основа на кат 2

Сл. 6 – Основа на кат 3

Трите волумени исто така имаат и различни функции. Во приземниот волумен е поставена спортската сала со своите припратни простории (соблекувални за корисници, соблекувални за инструктори и трим патека), во вториот волумен се поставени просториите се спортски активности (сала за гимнастика, кинезитерапија, теретана и хидротерапија), додека во третиот се поставени сместувачките капацитети заедно со кујната, ресторанот и администрацијата.

Сл. 7 – Основа на кат 4

Сл. 8 – Основа на кат 5

Сл. 9 – Основа на кат 6

На овој начин освен што се добива функционална распределба на посториите и разиграна фасада, се добива и приватен простор помеѓу двата високи волумени кој игра улога на заеднички двор за корисниците, а служи и за осветлување на спортската сала. Исто така, како карактеристичен елемент на фасадата се издвојува челичниот мост кој ги поврзува двата волумена, поточно главниот влезен дел (од горната улица) со хидротерапијата.

Сл. 10 – Пресек 1-1

Сл. 11 – Пресек 2-2; Пресек 3-3

Во однос на конструкцијата искористени се три типа на системи. Со цел да обезбедиме што е можно повеќе слободен простор за движење и целосна спортска сала, користевме бетонски платна врз кои се поставени сајли кои ги носат АБ плочи – овој конструктивен систем ги носи високите волумени; спортската сала е решена со помош на АБ рамки; a мостот кој ги поврзува двата волумени е изграден од челични решетки.

Од студентот