Infusing Skopje / Белули

Магистерски труд

Наслов: Infusing Skopje: Urban Regenration and Adaptive Reuse of Socialist abandoned industries in Skopje

 

Автор: Ермал Белули

Ментор: Паола Пучи

Ко-ментор: Бруна Вендеммиа

Надворешен ко-ментор: Горан Д. Мицковски

Година: Април 28, 2020

Академска година: 2018/2019

Универзитет: Политехнико Ди Милано, Италија

Научен дисциплински сектор: Урбанистика

Смер: Одржлива архитектура и Дизајн на пејсажи

 

Абстракт

Индустријата е силно поврзана со градското наследство, како важен и вреден елемент во општеството што е поврзана со неа. Во пост-социјалистичкото Скопје, де-индустриализацијата беше одлучувачки процес што го трансформираше градот кога распадна социјалистичкиот систем, што резултираше во недоволно искористен или трајно напуштени локации. Во изминатите 10-15 години, Скопје расте кон многу насоки, затоа оваа експанзија се одрази во изградбата на нови згради без урбана стратегија, што создаде последици во основата на градот. Индустриските напуштени локации кои зафаќаат голема површина во градот, се во опасност да исчезнат и да бидат заменети со станбени згради на приватни инвеститори. Оваа состојба ќе предизвика уште поголема штета во однос на инфраструктурата, еколошката и социјалната перспектива, затоа треба да се реагира и да се изнајдат нови решенија со цел да го направи градот по функционален.

 

Постоечкиот регионален план   

 

Проектот се фокусира на тоа, како напуштените индустрии можат да донесат свест и да станат важни точки на референца за урбана стратегија, способна да го гарантира напредокот на општеството, со цел да се заштити и сочува наследството на градот, но исто така и да се предложат решенија за дизајн, способни за подобрување на животната средина и квалитетот на просториите и услугите за одржлива иднина на градот.

 

Анализи на сегашните услови

 

Главната цел на истражувањето е да се истражат сценарија и стратегии за повторна употреба на напуштените индустрии, создавајќи нови зелени површини на урбан размер, нови простории и услуги што ќе служат на општеството и истовремено ќе го зачува идентитетот на просторот и градот.

Со цел да се дефинира стратешки план за Скопје, работејќи на напуштените кафеави полиња, анализа за моментална состојба на градски размер е сторено. За замислување на пост-индустријалните пејсажи како катализатор на одржлив социјален, економски и културен развој за Скопје, истражувањето се занимава со трансформираните индустриски простории, како и со инфраструктурата, животната средина и урбанистичкиот систем, со цел да се дефинираат критични прашања за решавање на нашиот предлог.

 

Критични прашања и Колаж

               

Со цел да се дефинира стратешки план за Скопје, работејќи на напуштените кафеави полиња, анализа за моментална состојба на градски размер е сторено. За замислување на пост-индустријалните пејсажи како катализатор на одржлив социјален, економски и културен развој за Скопје, истражувањето се занимава со трансформираните индустриски простории, како и со инфраструктурата, животната средина и урбанистичкиот систем, со цел да се дефинираат критични прашања за решавање на нашиот предлог.

 

Ммпа на трансфомираните индустрии

 

Проектот сугерира дополнителна трансформација на Скопје направена од различни и специфични активности за дизајнирање, кои се однесуваат на главните стратегии: преиспитување на улогата на инфраструктурата во градот, кршење на границите и промена на моделот на сегрегација меѓу напуштените индустрии и изградените површини и ридефинирање на односот природа-култура што ја вреднува урбаната територија.

 

Општиот предлог мастерплан кон зелено Скопје е финализиран да се постигнат две цели. Првиот е да се создаде зелен коридор, покрај сивата инфраструктура, така и на периметарот на индустриските зони. Зелен коридор што ке ја зајакне меката подвижност (soft mobility), предлагајќи инфраструктурна мрежа за велосипеди, пешачки патеки и трамвајска линија. Заедно со зелениот коридор, испразнетите простории повторно ке се организираат и ке се користат за социјална инфраструктура, со тоа што ги доближува околните населби на градот. Реката Вардар станува главната врска на градот со поврзување на запад-исток оските.

 

Втората фаза ги дефинираа напуштените индустриски зони, предлагајќи нови економски, социјални и урбанистички активности. Вториот е ‘ Правење град на градот ‘ преку регенерирање на индустриските изградени фрагменти, со цел да се избегне нова потрошувачка на почвата, преквалификувајќи кафените полиња со цел да се трансформира идентитетот на градот. Со прикажување на различни визии за трансформација на недоволно искористените индустриски простории, ке се промени гледиштето на луѓето и ке се сврти нашиот агол за иднината.

 

Прва фаза – Таксономија диаграми

 

Активности на животната средина

Стратешки Мастерплан ‘ Кон зелено Скопје ‘

 

Стратешкиот мастерплан станува релевантна рамка за дизајнирање на проектот, финализирање за повторно да се обликуваат кафеаните простории на фабрика ‘ Треска ‘, лоцирана во Општина Центар, Скопје. Во оваа област предлагаме да се реализираат микс на функции за подобрување на животната средина на урбаниот сектор и повторно да се дизајнираат зелените конекции, циклусно-пешачките патеки ( cycle-pedestrian paths ), за да се гарантира континуитет на прекинатите мрежи.

 

Анализа на постоечките услови на фабрика Треска

 

Стратегија за Треска

 

The Vibrant Hub  (Живописен центар)

Живописен центар – нов фокусен пункт во градот Скопје. Место на интеракција, учење, споделување искуства. Во оваа напуштена индустрија, предлагаме микс на функции за подобрување на животната средина на урбаниот сектор. Нови згради со нови програми, како што се станбени, трговски, mix-used, културен, едукативен и медиумски центар. Постоечката фабрика на Треска, станува нов центар за учење – место каде технологијата, иновациите и културните активности ке создадат нова социјална перспектива за луѓето, овозможувајќи им да се размислуваат за околината и нивната улога во нејзиното зачување.

 

Мастерплан за Треска

 

 Пресеци

 Поглед кон комерцијалната улица

 

Пријателската улица – поглед кон новопроектираната улица што поминува помеѓу просторот

 

Arieal view (Воздушен поглед)– кон Треска