Старо Скопје – Книга 1 / Арсовски
06.06.2020 • Литература
Наслов: Еволуција на урбаните форми во скопскиот простор (прилози за урбаната историја на Скопје од 5200 г. пр. н. ера од XIX век) – Книга 1
Автор: Тихомир Арсовски
Година: 1988
Издава: Градски комитет за урбанизам и заштита на човековата околина – Скопје
Едиција: Градителско Наследство – Скопје
Уредувачки одбор: Арсовски, Чипан, Балабанов, Санев, Корачевиќ, Арсовска, Ташковска-Арсова, Грековски, Божиновски
Ви презентираме уште еден наслов од едицијата Градителско Наследство – Скопје, под авторство на архитект Тихомир Арсовски. Публикацијата се состои од хронолошка анализа на скопските споменици и нивните урбани форми. Таа го следи развојот на градот од самите римски почетоци, до модерната обнова на Скопје.
Истражувањето ги разгледува сите историски форми на Скопје и нивната генеза: римски каструм Скупи, средновековната тврдина Кале и Старата скопска чаршија. После отоманскиот град следува и послендната урбана трасформација на Скопје, пост-земјотренсата обнова од 60-те до 80-те.
Оваа фаза е презентирана преку неколку проекти за ревитализација на Чаршијата, за кои може да погледнете повеќе во засебната публикација: Стара скопска чаршија.
Последниот дел се состои од лична карта на скопските споменици, која ги опишува и категоризира сите локалитети по епоха, локација и врста.
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Документирање / Издание / Културно наследство / Скопска чаршија / Тихомир Арсовски