„Архиметрии“ / изложба на фотографии на Тилиќ
17.11.2020 • Информации Фотографија
„Архиметрии“ е прва самостојна изложба на фотографии на архитектот и архитектонски фотограф Андријана Тилиќ. Проектот има уметничко-истражувачки карактер и ја афирмира естетиката на архитектнската фотографија.
Проектот има за цел да го истражи архитектонскиот јазик на модерната, но и на современта архитектура воопшто, да ја предочи заемната длабока врска на фотографијата како медиум и архитектурата. Да ги истакне посебноста и значењето на архитектонската фотографија, како релевантен визуелен медиум, како и промовирање и документирање на архитектонското домашно и странско наследство.
Проектот е замислен како панорамска изложба на фотографии во кои главниот мотив и конструкт е архитектурата. Фотографиите во себе содржат повеќе вредности како што се ликовната естетика, естетиката на архитектонскиот јазик, како и документарна вредност.
Студентски дом „ Гоце Делчев“
Во фокусот на нејзиното истражување во фотографијата е откривање и потенцирање на формата, скулпторалноста, графизмот, текстуралноста и други катури што сведочат за одреден архитектонски јазик, но и за еден авторски агол на гледање и градење на современата архитектонска фотографија.
_______________________________________
Андријана Тилиќ живее и работи во Скопје. таа е дипломиран архитект при архитетконскиот факултет во Скопје, активен магистрант на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Професионално се знаимава со фотографирање на архитектонски простори, соработувајќи со голем број архитектонски бироа. Притоа аткивно придонесува за развојот и афирмацијата на архитектонската фотографија во нашата земја.
Извор: МКЦ
Настан >>>
Автор на статија: Filip Koneski