Мултимедијален младински центар Штип/ Цоневска и Гелмановска

Архитектонско студио 6,2

Автори / студенти: Ирина Цоневска и Марија Гелмановска

Раководител: проф. д-р Анета Христова Поповска

Соработници: доц.  д-р Михајло Зиноски, асист. Мери Батакоја

Локација: Штип

Година / семестар: 2015 / 6ти семестар

rendernebiten

Проект-задачата за Студиото за општествени згради (студио 6) се состоеше од тоа преку анализа на референти примери и посета и анализа на дадената локација да се создаде нов објект на мултимедијален младински центар, составен од експериментален театар со студија за глума, танц, музика и оддел за продукција. Студијата требаше да бидат за различен тип на изведувачки уметности, додека одделот за продукција требаше да биде наменет за различни мултимедијални продукции. Целта беше да создадеме објкет кој успешно ќе се вклопи во локаниот урбанистички контест на градот Штип а истовремено ќе одговори на сите потреби и стандарди при проектирање на еден соверемен театар.

POSTER1

Појдовен аспект за создавање на концептот за нашиот проект беше карактеристичната локација која беше во зона на домување,а театарот требаше да го завземе слободниот простор за рекреација на жителите, кој исто така е комуникациска точка на станбената зона со реката.

Идејата беше да се завземе став на суптлност во однос на структурата на театарот и да се создаде простор кој ќе биде користен не само од страна на посетителите на претставите, туку јавен простор за жителите од соседството.

POSTER2

Обликувањето на формата беше преку концепт на создавање на тело во тело, со што добивме еден масивен волумен во кој е сместена програмата која ги опфаќа просториите за посетители и сценскиот дел  и една транспарентна обвивка која го дефинира фоајето како слободен простор. На централното тело се прикачени неколку платформи кои служат како комуникација помеѓу различните нивоа. Јавниот дел  се судрува кај сценската кула со друго тело кое го содржи ансамблот, сценската техника и мултимедијалната продукција и административниот дел за управата и со цел да се прочита различноста на програмата се разликува од просторот наменет за посетители преку материјалнста и самото волуменското обликување.

photoshop izgledi

maketa

rendernadvor

Автор на статија: