Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост / Џидрова

Година: 2018

Семестар: VIII

Проектна задача: Проектирање на општествени згради – Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост

Предмет: Архитектонско студио 8.2

Автори: Марија Џидрова

Педагошки тим: Вон. проф. Михајло Зиноски, сор. Маја Даскаловска, сор. Александар Ѓорѓиев

Локација: Велес

Во фокусот на оваа тема по предметот архитектонско студио 8.2 се лицата со физички попречености за кои е потребно да се проектира соодветен центар за рехабилитација.

Сл. 1 – Ситуација

Земајќи ги предвид потребите на овие лица како и зададената локација во паркот покрај реката Вардар во Велес, каде не постојат високи структури и каде доминира парковско зеленило и природа, предложено е ниско и транспарентно решение кое не би ја нарушило постоечката атмосфера.

Сл. 2 – Концепт

Сл. 3 – Концепт

Сл. 4 – Концепт

Објектот е поставен помеѓу игралиштето и реката Вардар, во парковско зеленило, со цел целосно отварање на визурите, полесен сообраќаен пристап и директен контакт со игралиштето.

Сл. 5 – Основа на подземно ниво

Сл. 6 – Основа на приземје

Сл. 7 – Основа на кат

Концептот се развива како 3 „брода“ во кои се сместени различните програми со акцент на заедничките простории: хидротерапија, кинезитерапија и докторски ординации и болнички соби.  Во основа објектот претставува решение на отворен план со целосно ослободено движење во подолжен и попречен правец и директен контакт на различните програмски простории. Приватноста се постигнува со соодветно поставување на лесни полутранспарентни прегради кај главната програма и полни прегради кај болничкиот и административен оддел. Пристапноста до следното ново се одвива со рампи, скали и лифтови.

Сл. 8 – Пресек 1-1

Сл. 9 – Пресек 2-2

Конструкцијата е замислена како просторен систем од армирано бетонски столбови и греди со стаклена фасадна обвивка и сводно застаклено покривање.

Сл. 10 – Изглед

Објектот е замислен во конструктивистичко-техницистички стил.

Сл. 11 – Аксонометрија

Сл. 12 – Монтажа на макета

Од студентот