Конкурс за архитектонско урбанистичко идејно решение за просторот на фабриката „ТРЕСКА“

Распишува: Општина Центар

Локација: Фабрика Треска / Скопје

Рок: 1.09.2021

Награден фонд во нето износ: 

1 место / 260.000 денари ;

2 место / 150.000 денари ;

3 место / 100.000 денари ;

3 откупи по 30.000 денари

 

Општината Центар на иницијатива на фелата, под водство на архитект Даница Павловска, распишува конкурс за архитектонско урбанистичко решение  за просторот на фабриката Треска.

За изработка на решението, авторите ќе имаат нешто повеќе од 2 месеци, додека како еден од условите за учество се нагласува потребата во тимот да биде вклучен и овластен планер.

Од приложената документација, може да се констатира сериозен исчекор во однос на содржината на истата, деталноста и материјалите кои се во прилог.

Програмската задача опфаќа комбинирани содржини, станбен и деловен фонд во рамнотежа со јавниот простор,  нова детска градинка, придружни комерцијални и јавни содржини во функција на домувањето, содржини од областа на културата, зачувување на просторните маркери од локалитетот, зеленило и одржливост во планирањето на сообраќајот.

Критериумите за оценување на трудовите опфаќаат просторни, програмски,  еколошки, економски и естетски квалитети.

Конкурсниот труд треба да ги офати следните графички прилози:

 

 

Целосните информации за содржината, барањата и материјалите можете да ги добиете на страната www.e-nabavki.gov.mk .

Она што сепак и покрај големата победа извојувана да се организира еден ваков конкурс за просторот на Треска, мора да се напомене е скромниот награден фонд за обемот кој го опфаќа задачата и малиот временски период.