ESSENTIAL PLACES – Летна школа по архитектура
12.09.2021 • Информации
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве известува дека во понеделник, 13.09.2021 г. започнува 30-тата, јубилејна сесија на Летната школа по архитектура.
Темата на 30-тата сесија на Летната школа е „Essential Places“, гостин тутор е проф. Маруша Зорец од Архитектонскиот факултет во Љубљана, Словенија, а раководител е проф. д-р Ана Ивановска Дескова.
Овогодинешната сесија на Летната школа е организирана како онлајн работилница која ќе се одвива преку платформата „Зум“, во периодот од 13. до 19. септември 2021 година.
Летната школа по архитектура ќе ја отвори Деканот на Архитектонскиот факултет во Скопје, проф. д-р Огнен Марина, во понеделник, на 13 септември 2021 год. во 12.00 часот. По отворањето ќе следува предавањето на архитект Маруша Зорец со наслов „Unveiling the Hidden“ и предавањето на архитект Јања Шушњар со наслов „Thinking Places“.
Отворањето на летната школа и предавањата ќе може да ги следите на следниот линк:
Автор на статија: Martina Shteriova
International Summer School / Summer School of Architecture / АФС / Летна школа 2021 / Летна школа за архитектура / УКИМ