Хотел Еуротел – Струга / Ранѓеновиќ, Митровиќ, Христов

Локација: Струга, кеј на Охридско езеро

Автори: Радован Раѓеновиќ, Миодраг Митровиќ, Ранчо Христов

Соработници: Павлина Кондева, Томислав Стојановски, Анѓа Смилевска, Гоко Цветковски, Андонија Бумбаревска

Година на проектирање: 1981

Година на изведба: 1981-198

Извор на насловна фотографија: facebook.com/eurotelapartments

 

Еуротел во Струга е уште еден од многуте примери на хотели изградени во времето на СФРЈ, кои останаа заглавени во минатото. Иако неколку од неговите апартмани се реновирани, на остатокот од структурата се гледаат штетите кои се акумулирале во изминатите децении. Деградираната состојба на градбата и имотно-правните спорови околу нејзината парцела, го потискаат потенцијалот на овој примерок од доцната модерна архитектура во Македонија да прерасне во актуелна точка на струшкиот брег.

 

 

 

Хотелот Еуротел во поширокиот контекст 

 

 

 

„Објектот е лоциран на брегот на Охридското езеро јужно од автопатот Струга-Охрид. Специфичен по начинот на користење, во склад со нормативите на интернационално здружение на еуротелите решен е како висока А категорија.

Хотелот има над 325 апартмани капацитет од 650 лежаи, сите потребни придружни функции и сервисни, затворен пливачки базен, мини-маркет и др.

Хотелскиот комплекс располага со сопствена плажа, марина спортски терени, детски игралишта.

Вкупната површина на објектот изнесува 1720м2.“

техстуален опис од Бимас 1982г. 

 

 

 

Идеен проект – ситуација / извор: Бимас 1982г.

 

 

 

Историска фотографија, непосредно по изведбата / извор: Бимас 1982г.

 

 

 

Eurotel Struga 1-Radovan R

 

 

 

Eurotel Struga 2-Radovan R

Историски фотографии, непосредно по изведбата

 

 

 

Хотелот бил дел од ланецот на шпанската фирма Еуротел. Сите хотели функционирале на истиот принцип – апартманите биле продавани на индивидуални сопственици а заедничките простории биле делени: кујната, ресторанот, игралиштата итн.

По првата сезона, сопствениците на апартманите имале право на размена, односно следниот летен одмор да го искористат во апартман во некој од другите таканаречени „еуротели“.

 

 

 

Мапа на државите каде што во минатото имало таканаречени „еуротели“ / извор: М. Јордановска, Општината Струга го удри меракот на 50 илјади квадрати од крајбрежниот струшки „Еуротел“

 

 

 

Хотелот бил изведен според оригиналните планови, но неговиот комплекс никогаш не ги добил сите замислени програми.

Од партерното уредување денес ги среќаваме само игралиштата кои се преместени на источната страна од парцелата, близу до кејот на езерото.

 

 

 

Надворешен изглед на хотелот / извор: vymaps.com

 

 

 

Надворешен изглед на хотелот / извор: booking.com

 

 

Хотелот и неговиот потесен контекст низ годините / извор: google.com

 

 

 

Низ годините парцелата на хотелот е предмет на правни спорови кои резултираат во изградба на нова структура во дворот на Еуротел. Станува збор за уште еден хотелски објект, за чија приказна можете повеќе да прочитате во следново истражување.

 

 

 

Карабината за нов хотел до „Еуротел“ / извор: М. Јордановска, Општината Струга го удри меракот на 50 илјади квадрати од крајбрежниот струшки „Еуротел“

 

 

 

 

Денешна состојба на хотелот и неговата околина / извор: google.com/maps; автор: Горан Патраклиски