Мустафа-пашината џамија во Скопје

Година: 1492

Автор: непознат

Ктитор: Мустафа паша

Локација: Помеѓу скопската чаршија и скопската тврдина

 

Мустафа-пашината џамија во Скопје, се наоѓа непосредно до скопската тврдина, на ридот Градиште од неговата источна страна. Џамијата е  изградена во 1492 година, како завештание на везирот Мустафа-паша, во чијашто чест и го добила своето име. Во минатото комплексот опфаќал турбе, шадрван, имарет и медреса, од коишто денес се зачувани Турбето на Мустафа-паша, саркофагот на неговата ќерка Уми и шадрванот во дворот на џамијата, како и остатоци од надгробни плочи.

 

Превземено од Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија

 

ИСТОРИЈА

Мустафа-паша, бил везир на султаните Бајазит II и Селим I и извршувал високи функции во Отоманското Царство.Тој поседувал голем имот во Румелија и четири села во околината на Скопје: Булачани, Батинци, Раштак и Црешево.  Бил син на Абдулах (Абдулкерим), имал две жени, и двете по име Хуршид, и четири ќерки Хани, Уми, Шах Земан и Хума. Во Скопје, од сопствени средства, изградил џамија и месџид, а во џамијата имарет и станбени објекти во кои живееле духовните лица. Евлија Челебија, во своите патеписни белешки, забележал постоење на медреса на Мустафа-паша во Скопје.

 

Превземено од Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија

 

Од мермерната плоча над влезната врата, на која е запишан текст со арапско писмо, се дознава дека објектот бил изграден на темелите на некоја средновековна црква. Некои од црковните лица, велат дека тоа е некогашната скопска црква Св. Никола.

 

Фото:  Rromir Imami 

 

За разлика од останатите градби во и околу чаршијата, Мустафа-пашината џамија не претрпела големи оштетувања со земјотресот од 1963 г., но сепак по него се извршени некои реконструкциски зафати.

 

Фотографии превземени од www.researchgate.net ( прикачено од Лидија Крстевска); 

 

Последното обновување заврши во 2011 година, а на свеченото отворање на џамијата присуствуваше делегација од Турција. Меѓутоа во јавноста не се познати многу работи од тој зафат. Што било откриено во темелите, дали се потврдува присуството на средновековната црква или пак на други археолошки слоеви се прашања кои остануваат. Во одредени кругови имаше шпекулации дури и за големо количество на златници кои биле откриени во процесот.

За потребите на последните реконструктивни зафати, извршено е и сеизмолошко тестирање на вибро платформа на размерен модел на Мустафа пашината џамија во ИЗИС.

 

Превземено од www.researchgate.net ( прикачено од Лидија Крстевска); 

 

 

АРХИТЕКТУРА

Градбата на џамијата е карактеристичен претставник на раната цариградска архитектура. Нејзината основа е квадратна и е покриена со купола, чиј пречник изнесува 16,3 m.

 

Превземено од www.researchgate.net ( прикачено од Лидија Крстевска); 

 

Куполата била изградена на тромпи коишто се украсени со арабески и од чијашто лева страна се наоѓаат мотиви насликани од времето на изградбата на џамијата, додека од десната страна понови и без некоја посебна уметничка вредност. Објектот е ѕидан со клепан камен и два реда тули.

 

 

Превземено од www.researchgate.net ( прикачено од Лидија Крстевска); 

 

Влзот во џамијата е преку тремот, којшто е изработен од бел мермер, а пред него се наоѓаат четири мермерни столбови кои се поврзани со лакови. Тремот е покриен со три мали куполи, од кои централната надвишува. Минарето е изградено од клепан бигор, високо е 47 m  издигнувајќи се на западниот дел од џамијата .

 

Фото: macedonia – timeless

 

Во внатрешноста на џамијата се наоѓа молитвениот простор, на чијшто југоисточниот дел е сместен михработ, од кој оџата го чита Куранот, а десно од михработ се наоѓа говорница (мимбер), од која се читаат молитвите.

 

Превземено од Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија

 

Во кружниот простор со арабеси, на исток и запад се запишани имињата на Мухамед и Алах, додека на југ и север оние на халифите: Евубекир, Омер, Осман и Али. Веднаш над влезната врата се наоѓа галерија (мехвил).

 

Превземено од Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија

 

Во рамките на џамијата влегуваат и турбето, каде што во 1519 година бил погребан Мустафа-паша; саркофагот на неговата ќерка Уми; шадрван, пред самиот влез на џамијата; надгробни нишани и остатоци од некогашните имарет и медреса.

 

Фото: Диего Делсо

 

 

Користени извори: Википедијаwww.researchgate.net ( прикачено од Лидија Крстевска); ceipa.pmf  ; macedonia timeless ; wikimedia commons