Од изложбата во чест на Душан Грабријан / фотогалерија

На 30 ти јуни  се отвори изложбата во спомен на архитектот Душан Грабријан. Изложбата го претстави творештвото и истражувањата за македонската куќа преточени во низа публикации од страна на архитектот Грабријан.

Изложбата е организирана од страна на Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија, во соработка со архитектонското студио KONNTRA.

Изложбата ќе биде отворена до 17 јули, во просториите на Галеријата на NLB Banka Skopje.

 

Фото: Борис Јурмовски