Скопски искушенија за белградскиот саем

Фото извор >>>

 

Според српските медиум, се очекува Владата на Србија во наредните недели да ја објави приватизацијата на Белградскиот саем во кој државата за сега е единствен сопственик. Како потенцијален инвеститор се спомнува „Белград на вода“ во кој државата има 32% сопствеништво.

Паралелено се најавува изградбата на новиот саем во Сурчин, на површина од 113 хектари, во непосредна близина на веќе најавената Национална арена. Архитектите го поздравуваат преселувањето на саемот, но децидно се застанати на линијата дека не смее да се размислува на рушење на постоечкиот, туку единствено негова пренамена во јавни функции.

Некако сето ова мириса на Скопје, рушењето на саемот и изградбата на East Gate. За разлика од Скопје, таму архитектите и урбанистите успеаја минатата година да ја заштитат „Хала 1“ како културно добро.

 

Извор >>>

 

Таквата ситуација според архитектот Слободан Малдини, ја отвора можноста другите хали сепак да бидат срушени. Стравот се појавува по изведбата на проектот  „Белград на вода“, кој за стручната јавност не поседува доволно јавни и зелени површини, туку приватизација на едно од најзначајните простори во градот.  Со промена на намените, се насетува изградба на нови мега станбени структури на просторот на саемот.

Предлозите на стручната јавност се инвеститорот на овој мега проект,  откако му ја одзеде една од најголемите потенцијални јавни површини на градот, да му врати јавен простор преку пренамена на постоечкиот саем во најголем културен центар на Балканот со преку 40.000 m2 корисна површина.

 

 

Фото извор >>>

 

Белградскиот саем е граден од 1954 – 1957 година, според проектот на архитект Милорад Пантовиќ и инжењерите Бранко Жежељ и Милан Крстиќ.  Саемот бил замислен како современ урбанистички комплекс со три павиљони под куполи. Архитектот имал прилика да ги посети најзначајните саеми низ Европа со цел да се запознае со тековите, но и да создаде нешто различно.

 

Фото извор >>>

 

Покривните конструкции на самските хали се изведени од пренапрегнат бетон, каде се истакнува кружната Хала 1, со ребраста купола со распон од 97 метри.