„Варшава го исцртува Скопје“

Издавачката куќа BEGEMOT објави на социјалните мрежи дека изданието „Варшава го исцртува Скопје“ веќе може да се најде во скопските книжарници.  Книгата е издадена по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје од Kinga Nettmann-Multanowska, која веќе собра награди и номинации (одликувана со наградата „Bene Merentibus“ за заслуги во развојот на полската архитектура и во зачувувањето на сеќавањето на светските достигнувања на полските архитекти, што ја доделува Здружението на полските архитекти; како и номинирана за Книжевната награда на главниот град Варшава).

 

 

 

Се работи за книга што фрла длабок поглед на голем период од историјата на Скопје, од неговото освојување од страна на Османлиите, преку полско-југословенско-македонските дипломатски односи, па сѐ до денешен ден, а главниот акцент е ставен врз огромната помош што полските урбанисти и архитекти несебично му ја даваат на Скопје по земјотресот. Инспиративно, филигрански изработено четиво од кое многумина скопјани ќе дознаат многу нешта за својот град што досега не ги знаеле.

 

 

 

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Стручна редакција: Павел Вељаноски

Графичко уредување: Петер Личковски

 

Книгата е објавена со поддршка од Ambasada RP w Skopje / Амбасада на Република Полска во Скопје и Министерство за култура / Ministria e Kulturës.

 

 

Превземено од изворот >>>