КОАИ со анкета за Ценовникот за инженерски услуги за високоградба
31.07.2023 • Информации
Во рамки на своите активности, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), Одделението на архитекти изработи Анкета, со цел да се добијат резултати што ќе бидат анализирани. Врз основа на анализите и резултатите ќе бидат преземени активности во иднина.
Ценовникот за инженерски услуги во високоградбата, Анексот на ценовникот за инженерски услуги во високоградбата и Калкулаторот се објавени на веб страната на Комората.
КОАИ ги замолува своите членови да одговорат на Анкетата, која нема да одземе повеќе од 3-5 минути. Анкетата може да се превземе тука.
Автор на статија: Filip Koneski
анкета / КОАИ / Комора на овластени архитекти и инженери / Ценовник