„ТРАДИЦИЈА “ / Томовски

Четивото „Традиција“  на архитект Крум Томовски е дел од повеќе написи кои се вклучени во изданието посветено на изложбата „МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА“ која се оддржала во 1974та година, во Музејот на современа уметност, одбележувајќи 30 годишнина од ослободувањето и формирањето на македонската држава, а со тоа и 30 години современа македонска архитектура.

 

 

Крум Томовски (1924 – 2010) е македонски архитект, конзерватор, професор и академик. Тој е еден од првата повоена генерација дипломирани македонски архитекти кој работи не само на создавање на нови кадри, туку и на дефинирање на основните вредности на македонската архитектонска историграфија. Истражувајќи го континуитетот на традиционалната архитектура во Македонија, тој во своите трудови ги открива и афирмира вредностите на народното градителство, специфични за македонскиот национален идентитет.

 

МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА – изложба во МСУ од 1974 година