Неоком Македонија / Дамеска-Јовановиќ
16.02.2024 • ХХ век / II половина
Проектант: Ружа Дамеска-Јовановиќ
Градежен инженер: Благоја Димитриевски
Машински инженер: Паскалов Мирослав
Електро инженер: Тасевски Томислав
Изведба: Пелагонија
Година на изведба: 1999
Локација: ул. Кузман Јосифовски Питу 15, Скопје, Македонија
Фотографии: Борис Јурмовски / 2024 /, приватна архива на авторот.
Објектот на Неоком во Скопје е еден од првите објекти со кои се соочуваме на влезот во населбата Аеродром кога се пристапува од центарот на Скопје. Намената на овој објект кој е првично проектиран како П+11+Пк а е изведен како П+7, се деловни односно канцелариски простори кои го сместуваат седиштето на Неоком во Македонија кое се простира на површина од 7000m2. Обликовно специфичен, објектот се одвојува од соседните блокови со нагласениот еркер на седмиот спрат кој двојно се одвојува од волуменот како резултат на вовлекувањето на фасадата на пониските спратови.
Во продолжение проследете ја фотогалеријата од моменталната состојба на објектот:
Автор на статија: Љубен Трајаноски
Благоја Димитриевски / деловен објект / Неоком / Паскалов Мирослав / Пелагонија / Ружа Дамеска-Јовановиќ / Тасевски Томислав