Виртуелна реконструкција на Хераклеја

Тимот на KAMAiMEDIA изработи 3D виртуелна реконструкција на античкиот град Хераклеја. Фокусот на овој предизвик е античкиот театар, каде посетителите имаат можност преку виртуелна прошетка да го доживеаат просторот во неговиот некогашен раскош.

Користењето на специјалните затворени очила или пак мобилен телефон и таблет, се алатките кои можат да ви го овозможат ова искуство на терен.

 

 

Проектот е дел од заедничката соработка на Општина Битола, невладини организации и Завод и Музеј Битола, додека околу веродостојноста на реконструкцијата, како велат авторите помогнале контактите со Архитектонскиот факултет како и конзерваторите од тимот. Со цел поголем импакт авторите си дозволиле одредена артистичка слобода .

 

 

За овој проект можете повеќе да дознаете во интервјуто кое  сопственикот на KAMAjMEDIA, Петар Котевски го даде за Порта3.

Извор >>>