Привршуваат активностите на екстериерот на Офицерскиот Дом во Скопје

После 10 години од „Скопје 2014“ го сведочиме завршувањето на Офицерскиот Дом. Објектот кој се повикува на некогашниот, срушен во земјотресот од 1963та година, сепак е само реинтерпретација, односно објект кој визуелно остава впечаток на оригиналната слика.

 

 

Неговата намена и раскош која ја имал во минатото не е тоа што можеме да го очекуваме од новиот објект. Од тука неговата некогашна јавна намена и свечена балска сала под кристални лустери, како и грандиозното фоаје и скалиште остануваат во спомените на разгледниците и фотографиите.

 

Ентериерот на Офицерскиот Дом  / архивски фотографии

 

Проектот кој тековно се реализира крие многу повеќе катови, поинаква внатрешна организација, со која главната намена е хотел  и администрација, додека  Градот Скопје добива свечен простор – во минатото се говореше дека тука ќе се смести матичната служба.

 

Технички цртежи од тековниот проект во изведба, пред измените во градба  / Извор >>>

 

На оваа тема пишувавме пред една декада, на самиот почеток на нашата мисија наречена МАРХ. Во продолжение на денешната ја приложуваме оваа белешка каде можете да ги видиме оригиналните технички цртежи, архивски фотографии од Офицерскиот Дом, четиво од проф. Кокан Грчев и нашиот тогашен став >>>

 

Офицерски Дом – Скопје / Вилијaм Баумгартен 1925-29