Типологија „Егејски згради“ – Скопје

Проектант:  Непознат

Година:  1951

Локација:  Дебар маало, Маџари, Чаир, Ѓорче Петров, Буњаковец

Во продолжение на објавата за станбените згради во Буњаковец, подолу се обидовме да ги мапираме каде на други места е присутна истата типологија на објекти. Бидејќи не поседуваме точни информации за коа истите објекти се подигнати можеме да претпоставиме дека сите датираат после 1951 година.

 

 

На различните локации можеме да забележиме варијации во обликувањето, на нивната поставеност, волумен и фасадна обработка, но крајно сите ги поседуваат истите главни елементи кои ја дефинираат оваа типологија. Интересно е да се забележи нивната поставеност низ целиот град.  Три вакви групации се поставени во централното јадро, поточно во Дебар маало, друга варијанта на истите се наоѓа во Чаир каде се расчленети четири објекти, Маџари се наоѓаат два блока, додека последниот нуклеус се наоѓа во стариот дел на Ѓорче Петров.

 

01_Блок Ѓорче Петров
02_Блок Архитектоснско-Градежен Факултет
03_Блок Католичка Црква
05_Блок Чаир
06_Блок Маџари

 

Веќе анализираниот блок веднаш до Железничката Колонија на Михаил Дворников е најголемиот пример на оваа типологија заедно со блокот во Маџари. Наспроти, Градежно-Архитектонскиот факултет е еден линеарен блок од 35 метри должина идентичен на тој кај Железничката Колонија. Во блокот до Католичка црква се два помали објекти, половени од другите централни групации. Во Чаир се поставени четири индивидуални блокови додека во Ѓорче Петров се два волумени.

 

 

Благодарност до Сузе Младеновска и Методија Ѓорѓиев за доставените информации за локацијата на блоковите.