WikiOutdoor Training 2024 – Преспа

Во текот на 7-8 септември во хотел Lakeview во Отешево се оддржа WikiOutdoor тренингот на кој МАРХ имаше чест да биде поканет како дел од истражувачкиот тим.  Овој настан имаше за цел да сподели знаење, искуства и експертиза околу организација на истражувачки експедиции за документација на важни а помалку познати локалитети, села и градови во Македонија, локално познати како Викиекспедиции. Со тоа овој настан е прв од овој тип на пошироко подрачје.

МАРХ и Википедија на македонски јазик имаат долгогодишна соработка која отпочна во 2016 на Архивики настанот каде се изработија голем број на објави од архитектонска литература.

Викиекспедиции е проект на Википедија на македонски јазик, спроведуван од здружението на граѓани Споделено знаење во периодот 2015-2023 и од здружението на граѓани Викимедија МКД од 2024 година.

Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за градовите, селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.

Како архитекти, ова е непроценлива датабаза на материјали за нашите истражувања во нашата професионална надоградба.

На настанот присуствуваа учесници од Чешка, Словенија, Украина, Турција, Кипар, Хрватска, Србија, Албанија, Австрија, Унгарија, Грција и секако Македонија.

 

 

Организаторите на овој настан споделија вредно знаење од сопствено искуство кое е стекнато во последните 9 години постоење на Викиекспедициите во Македонија. Тука спаѓаат знаења од логистичка природа односно, како да се припреми, испланира и успешно одржи една експедиција. Од аспект на фотодокументација беа претставени начините како се документираат историски објекти со помош на фото опрема и дронови. Паралелно на тоа дел од учесниците беа обучени како да истражуваат и со тоа да се припремат за една експедиција користејќи мапи во спој со пишани и дигитални извори.

Во вториот дел на тренингот беше одржана експедиција каде беа посетени повеќе села за кои до пред екпедицијата имавме ограничен број на информации и фотодокументација.

Беа посетени селата од Ресенскиот крај: Горно Крушје, Лева Река, Избишта, КривениЈанковец, Златари и Болно.

 

Во прилог е фотогалерија од експедицијата на овие села:

 

Горно Крушје – Св. Спас

 

Лева Река – Св. Никола

 

Избишта – Училиште и споменик на Илинден

 

Кривени – Св. Ѓорѓи и гробиштата

 

Кривени – куќите во селото и камбанаријата

 

Јанковец – Св. Јован Крстител

 

Златари – Св. Димитрија

 

Златари – споменични куќи и бисти на учесниците во НОВ

 

Златари – Св. Никола

МАРХ и Википедија на македонски јазик имаат долгогодишна соработка која отпочна во 2016 на Архивики настанот каде се изработија голем број на објави од архитектонска литература.

Притоа срдечно го поздравуваме ангажманот на оваа мала група на ентузијасти кои во изминатите години ревносно  ја истражуваат и документираат македонската архитектура и со тоа создаваат непроценлив материјал за архитектите, уметниците и истражувачите.