Почина архитект Александар Смилевски
22.10.2024 • Информации
Македонската архитектонска сцена, се збогува со уште едно име од златната генерација на домашни архитекти кои учествуваа во изградбата на државата и особено обновата на постземјотресно Скопје.
Почина архитектот Александар Смилевски, кој е роден во Скопје на 17.05.1939 год. Димпломирал на Техничкиот факултет – архитектонски отсек при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Се вработува во РГО „Бетон“ – Институт за студии и проектирање. Припаѓа на генерацијата архитекти кои се вклучија во обновата и изградбата на Скопје после катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Меѓу неговите најрани остварувања е реализацијата на проектот за станбенит Кули тип „Б“ како дел од урбанистичко-архитектонската целина „Градски Ѕид“ кој беше селектиран на конкурсот во 1966 година.
Во 1984 година оди во Багдад, Ирак каде изработува проект “946“ за индустриски комплекс. Во 1987 година е назначен за главен инжинер за развбој и истражување во РЗ заеднички служби на РГО „Бетон“ – Скопје. Во 1988 година е избран за директот на Институтот за студии и проектирање на на РГО „Бетон“ – Скопје. Од 1991 до 1944 год. преминува во „Техометал- Вардар“ во дирекција за реализација на проектот за изградба на станбени комплекси во Запорожје, Украина.
Продолжете со читање на неговата биографија:
Автор на статија: Filip Koneski