Workplace Conference 2025 ќе ја дефинира иднината на канцелариите!
24.03.2025 • Информации

Не пропуштајте ja уникатната можност да бидете дел од единствениот настан за дизајн на работни простори во регионот – Workplace Conference 2025, кој ќе се одржи на 26 март 2025 година во Сава Центар, Белград.
Овој престижен настан е наменет за архитекти, дизајнери, HR специјалисти, бизнис лидери, менаџери, и инвеститори од целиот регион, кои ќе дискутираат за најновите трендови во креирање и дизајнирање на канцеларии и професионални простори, со фокус на продуктивноста и благосостојбата на вработените.
Workplace Conference 2025 ќе биде центар за размена на идеи и најнови информации за тоа како да создадеме работни простори кои ќе ги задоволат потребите на модерните луѓе.
Овој настан ќе се фокусира на клучни теми кои ги обликуваат канцелариите на иднината:
- Агилни работни средини и нивното влијание на продуктивноста.
- Најновите светски истражувања за тоа како да ја зголемиме продуктивноста, истовремено зачувувајќи ја благосостојбата на вработените.
- Како да ги трансформираме традиционалните meeting канцеларии во зони за размена на идеи и знаење, познати како Work Cafe.
- AI и нејзината улога во модерните канцеларии – како изгледа канцеларијата на иднината.
- Како боите и дизајнот влијаат на агилноста, инспирацијата и емоциите на вработените во канцеларискиот простор.
- Како транспарентноста во работењето може да се сретне со приватноста на вработените, а истовремено да се создаде иновативен и продуктивен простор.
Говорници од светска класа:
Секоја од овие теми ќе биде разгледана од страна на интернационални експерти и говорници кои имаат долгогодишно искуство во областа на дизајнот на работни простори, продуктивноста и технолошките иновации.
- Matthew O’Sullivan – Ергономски консултант од Humanscale.
Спикер за темата: Дизајн на здрави работни средини. - Ernst Holzapfel – Mаркетинг директо на Sedus.
Спикер за темата: Работни кафулиња (Work Cafés): Простори кои ја поттикнуваат размената на идеи и соработка. - Lorenzo Maniero – CEO и Ко-сопственик на True Design.
Заедно со Antigone Acconci – Архитект и дизајнер во Parisotto+Formenton Architetti.
Спикери за темата: Како да го примениме принципот на CMF (Боја, Материјал и Површина) за креирање на канцеларии. - Oliver Baxter – Workplace консултант како претставник на Interstuhl.
Спикер за темата: Иднината на работните простори овозможена преку AI технологии. - Laurent Vandenbroucke – Меѓународен директор на продажба на Hoyez SAS.
Спикер за темата: Иднината на стаклените ѕидови: Транспарентноста и приватноста во работните простори.
Претставници на Workplace Conference 2025:
Workplace Conference 2025 е поддржан од најпознатите светски брендови кои се иноватори во индустријата за дизајн на работни простори.
Меѓу нив се:
Овие компании ќе имаат можност да ги изложат своите најнови колекции, производи и решенија за канцелариски простори од канцелариски мебел, подови, мебел за ХоРеКа, акустични решенија, решенија за модерно управување со енергија, кои ќе бидат изложени во делот за showroom на конференцијата.
Зошто да учествувате?
Workplace Conference 2025 е повеќе од само настан – тоа е платформа која ќе ви овозможи да научите од најдобрите експерти во индустријата и да го проширите вашето деловно мрежно поврзување.
Присуствувајте и откријте како може да се создадат канцеларски простори кои не само што го зголемуваат работниот капацитет, туку и придонесуваат за благосостојбата на вработените.
Конференцијата ќе се одржи од 13:00 до 17:30 часот, а потоа ќе има коктел и networking сесија од 17:30 до 21:00 часот.
Како да се пријавите?
Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од Workplace Conference 2025.
Местата се ограничени, затоа побрзо регистрирајте се и осигурете го вашето место.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ: https://b0s.rs/workplace-conference-2025/
Организатори и медиумска поддршка:
Конференцијата е организирана од iOLite Hub, а поддржана од B0S-Business Office Solution (Србија) и B2 Solution (Македонија). Медиумска поддршка обезбедува B2 Media.
За повеќе информации:
- Веб-страница: workplaceconference.rs
- LinkedIn: Workplace Conference
- Instagram: Workplace Conference

Автор на статија: Filip Koneski
B2 Media / B2 Solution / Sava Centar / Workplace Conference 2025