Писмо до претседателот на Владата за Иницијативата за враќање на функцијата главен градски архитект

До кабинетот на Претседателот на Владата

На Република Северна Македонија

 

Предмет: Иницијатива за измена во легислативата за повторно воведување на функцијата Главен архитект во градските општини

 

Почитуван Претседателе,

Во контекст на европската и светската пракса во креирањето на урбаниот простор, Ви ја приложуваме на увид иницијативата за вракање на функцијата главен архитект на градот, како важен сегмент при спроведувањето на урбаните политики во областа на одржливиот просторен развој на градските општини.

Улогата на главниот градски архитект во современите градови во многу развиени земји е историски потврдена и нејзиното значење никаде не е потценето.  Во македонското искуство на функционирањето на единиците на локална самоуправа функцијата на главниот градски архитект постоеше во периодот од 1996 – 2008 година, кога и покрај редуцираните надлежности сепак покажа одлични резултати.

Улогата на главниот градски архитект најмногу ќе биде координацијата на различните аспекти на просторниот развој во постигањето неговите основни цели:

– уредувањето и хуманизацијата на просторот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби,

– обезбедување на рамномерен просторен развој со рационално уредување и користење на,

– создавање и унапредување на условите за хумано живеење и работа на граѓаните и воедно сочувување на квалитетот на животната средина и природата,

– справување со климатските промени,

– сочувување и заштита на недвижното културно наследство,

– интегрален пристап во планирањето и реализирањето на просторниот развој,

– јавност, инклузивност и партиципативност во постапката за изработување, донесување и спроведување на актите за планирање и просторен развој, со обезбедување на научното и стручното учество во локалниот развој.

– Главниот архитект на градот ке ја обезбедува стилската унификација и архитектонскиот квалитет на елементите на урбаната опрема и партерната архитектура.

– Главниот архитект на градот ке обезбеди архитектонска супервизија при спроведување на процедурите за донесување на Урбанистичките планови.

–   Градоначалникот именува главен архитект на градот од редовите на видни архитекти и архитекти урбанисти со повеке од 10 години работно искуство во професијата.

Законодавната измена и дополна за повторно воведување на функцијата главен градски архитект би требала да се случи во членот 50 став 1 од Законот за локална самоуправа, каде што се вметнува нова точка 16 која гласи: „Во градските општини именува главен градски архитект кој ќе биде одговорен за координација на политиките на просторниот развој“, додека постојната точка 16 станува точка 17.

Носител на иницијативата е Асоцијацијата на архитекти на Македонија, (ААМ) со институционална подршка од страна на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје, Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД) на универзитетот Американ колеџ во Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) и многу голем дел од архитектонската јавност во државата и надвор од неа како и невладиниот сектор.

Прашањето го отворивме во текот на месец јули 2024 година. Во тој контекст Ве известуваме дека во предлог измените во Законот за локална самоуправа кој што се во Владина процедура  е неопходно внесување на одредбите кој што погоре ги предлагаме заради реално активирање и спроведување на одредбите од Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, за кој што категорично тврдиме дека во многу долг временски период во македонските градови не се почитуваат.

Експлицитно нагласуваме дека светската пракса го држи на растојание односот на политиката и струката кога станува збор за јавниот простор.

Истовремено остануваме на ставот дека Градоначалникот ке мора да назначи Главен архитект во градските општини, а во руралните средини до колку има објективни можности и потреби за тоа.

Со особена почит ја отвораме нашата иницијатива пред Вас, која што до овој момент има акламативна подршка во широката архитектонска јавност, но без Вашата директна заложба нема да може да се реализира

 

  Овластен преставник на Асоцијацијата на архитекти (ААМ)             4.10.2025   Скопје

Георги А.Кочев д.и.а.