Artribune го вброи македонскиот павилјон во 10-те највпечатливи
13.05.2025 • Информации

Реномираниот портал Artribune го вброи Македонскиот павилјон во 10-те највпечатливи павилјони (од 66 ) на Венециското биенале на архитектурата 2025 година.
„Страда Бруталисима“ ја поставува во фокус бруталистичката архитектура на Скопје – уникатен и парадигматичен слој од постземјотресната историја на градот. Главната цел на „Страда Бруталисима“ е да ја активира архитектонската интелигенција вткаена во бруталистичкото наследство на Скопје. Во овој контекст, улицата (страда) претставува кураторска алатка за обликување на патека на ново архитектонско знаење. Поставката извлекува 10 бруталистички примери од автентичноста на нивниот контекст и ги репозиционира во нова просторна организација, создавајќи „концептуална улица на знаењето“.
Прочитајте повеќе за македонскиот павилјон тука >>>
СТРАДА БРУТАЛИСИМА / Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција

Автор на статија: Filip Koneski
Artribune / Strada brutalissima / Венециско биенале 2025 / Македонски павилјон