Трето место за АРХИТЕКТУРАНОВА на меѓународниот конкурс за Здравствен дом во Подгорица

Македонските тимови продолжуваат да нижат успеси на меѓународните конкурси. Овој пат македонското студио АРХИТЕКТУРАНОВА го освои третото место на конкурсот за идејно архитектонско решение за Здравствен дом во Градскиот кварт во Подгорица, Црна Гора.

На конкурсот се пристигнати вкупно 71 проекти.

Тимот на АРХИТЕКТУРАНОВА го сочинуваат: Марија Димитриевска Чилакова, Викторија Богданова, Даница Спасевска, Маја Димитриевска и Невенка Георгиевска.

Честитки! 🙂

 

Извор: promocija.arhitekture.cg