Предлози до идниот градоначалник на Скопје / 7: Зелено Скопје

Може ли Скопје повторно да стане „зелен град“ е прашање на кое одговорот е условен од тоа дали сме подготвени да промениме многу навики, начинот на којшто ги креираме урбанистички планови и ги употребуваме правилниците. Мораме, како граѓанско крило а потоа и како професионалци, да се избориме против губењето на последните слободни простори во градот.

На темата зеленило, пишувавме во многу наврати, но борбата е далеку од добиена. Со поглед кон локалните избори, продолжуваме со нашите настојувања и предлози до идниот градоначалник на Скопје, кому му посочуваме што сметаме дека треба да биде во фокусот.

За ситуацијата со градот, во соработка со онлајн платформата „Дома“ на Институтот за комуникациски студии  пред 5 години изработивме две објави на кои се потсетуваме и ги посочуваме на  кандидатите за татко на градот да ги прочитаат и земат в предвид.

Првата објава носи наслов  „За градското зеленило (1): Слободниот простор пред раб на исчезнување“ каде говориме за постоечките зелени појаси, парковите кои ги загубивме, правилниците и погрешниот урбанизам од кој треба да научиме лекции и веднаш да пристапиме кон промена на праксата.

 

За градското зеленило (1): Слободниот простор пред раб на исчезнување

Од оваа објава продолжуваме кон втората каде се осврнуваме на локациите кои будат надеж за подобрување на состојбата. Објавата носи наслов „За градското зеленило (2): Потенцијал за промени“. Постојат површини кои мораме во идните урбанистички планови, да ги претвориме во градски паркови во кој ќе создадеме хортикултурни оази во градот.  Погледнете ги во објавата:

 

За градското зеленило (2): Потенцијал за промени

На сето ова мора да додадеме и дополниме со други локации каде подигнувањето на дрвореди е возможно, финансиски дофатливо, делување со голема ефективност.

 

Монтажа на можности – Кеј на Вардар

 

Тука го спомнуваме кејот на реката Вардар, каде од двете страни на реката, долж кејот можеме да оформиме двојни дрвореди во должина од 14 км, потоа градските булевари како „3та македонска ударна бригада“ и „Борис Трајковски“, опкружувањето на новите згради во Стар Аеродром и редум други помали и поголеми слободни простори долж улиците, кои ги спомнавме во објавите со наслов „Зошто нема дрвја?“ .

 

Зошто нема дрвја? / 1

Зошто нема дрвја? / 2

Зошто нема дрвја? / 3

Постојат и дузина микро локации, паркови кои треба да се ревитализираат, но и рубано додефинирање на постоечките,  како на пример Градскиот Парк, Парк шумата Гази Баба, Паркот во Сарај  кај кои не се доволно дефинирани влезовите иизлезите, предпросторот, паркирање за посетители , најава и контекст со околината и сл.

 

Парк шума “Гази Баба“