Проекција на филмот „Начинот на Чипан“ во Охрид
13.01.2026 • Информации
16ти јануари, петок 20:00, во ФИОФА (Универзитет Св. Апостол Павле) ќе биде прикажан филмот „Начинот на Чипан“.
Проекција во 20:00
Голем амфитеатар, филмски институт Охрид
Влез слободен
Документарецот го доловува ликот и делото на Борис Чипан преку едно од првите модернистички објекти во Охрид, одморалиштето на феријалниот сојуз „Младост“. Низ процесот што колективот Архрид го помина во подготовката и реализацијата на изложбата и јавните дискусии од 3.05.2025, филмот отвора нова перспектива за значењето на модернизмот како уште еден културен слој на градот Охрид.
Филмот е дело на режисерот Антонио Вељаноски
Автор на статија: Filip Koneski
Архрид / Начинот на Чипан / Охрид / Проекција / Филм
