Зоран Абадиќ со предавањето на тема „Гестови_Непропуштени можности” ќе земе учество на13. Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн

Ве покануваме на jавното предавање на професор Зоран Абадиќ, архитект од Белград, Република Србија, професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград и основач на архитектонското студио 1x2STUDIO во Белград.

Предавањето, со наслов „Гестови_Непропуштени можности” ќе се одржи во среда, 1 јули 2026, со почеток во 20 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев” –  Охрид.

Настанот е дел од 13. Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, која се одржува во периодот од 28 јуни до 5 јули 2026 година во Охрид, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Темата на овогодинешната школа е “PEARL IN THE SHELL”, а водечки тутори се проф. м-р Зоран Абадиќ и доц. д-р Јелена Богосављевиќ од Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград.