Црквата „Свето Преображение“ во Прилеп
19.08.2026 • XVI - XIX век
Црквата „Свето Преображение“ во Прилеп е изградена во 1871 година и се наоѓа веднаш до соборната црква „Свето Благовештение“. Иницијативата за градба на црквата е од грко-влашкото лоби во Прилеп, кое не се приклонило кон Бугарската егзархија, туку останале лојални на Цариградската патријаршија.
Со цел да го ублажи спорот меѓу двете страни (грко-влашкото лоби и словенското лоби), Патријаршијата, со помош на турската власт, издејствувала нов ферман за градба на црква, во која ќе се богослужи единствено на грчки јазик.
Црквата е изградена на имотот на семејството Налетоски, кое и го подарило својот имот за грчката општина.
Црквата претставува трикорабна базилиика, со пет куполи, подигната над нивото на земјата, што ја објаснува привилегираната положба на Власите во тоа време. На надворешната источна страна има деветаголна апсида.
Во 2001 година е осветена новата камбанарија, додека во 2007 година изработен е нов иконостас од костеново дрво.
Користени извори: Wikipedia / Old Prilep/ Facebook профил на храмот
Автор на статија: Filip Koneski








